Нови брзи и евтини Ковид-19 тестови, резултати за 7 минути

Од Италијанскиот регион Венето се најавуваат нови брзи тестови кои чинат само 12 евра. Најдобрата работа е што не бараат речиси никаква лабораториска опрема и може да се прават на лице место т.е на терен.

Веќе зборувавме за тоа дека брзо и навремено тестирање е една од најефикасните алатки во борба против Ковид-19. Статистиките се многу јасни земјите кои прават повеќе тестови подобро се справуваат со вирусот. Брзото тестирање значи брза и ефикасна изолација на позитивните случаи и со тоа се запира можноста за понатамошна трансмисија на вирусот.

Македонија моментално има многу мал капацитет на тестирање што е типично за земја во развој. Честопати се известува дека се чекаат повеќе денови да се стигне на ред за тестирање. Додека тестирањето во приватните лабаратории е релативно скапо и чини од 3.000 до 6.000 денари (50-100 евра). Секој изминат ден во чекање резултати може да значи живот или смрт.

Еве видео на италиански јазик, како функционира новиот вид на тестирање:

TEST RAPIDO PER IL COVID: ECCO COME FUNZIONA

🔴🔴🔴 ECCO COME FUNZIONA, PRATICAMENTE, IL TEST RAPIDO PER LO SCREENING DEL COVID-19. Lo sta sperimentando a Treviso il dottor Roberto Rigoli, coordinatore delle Microbiologie del Veneto. 🔴🔴🔴

Posted by Luca Zaia on Thursday, July 16, 2020

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *