Не сум доктор и се што ќе прочитате тука е мое лично мислење.
Деновиве многу се зборува за миење на рацете. „Миј раце, држи дистанца и седи дома…“
Толку многу се зборува за миењето раце што забораваме да ги споменеме советите:
- Избегнувај затворени, непроветрени простории.
- Избегнувај простории во кој воздухот рециркулира т.е истиот воздух врти во просторијата.
- Во фирмата каде што работиш прашај како функционира вентилацијата и дали доаѓа свеж воздух од надвор.
- Не користи клима која го рециркулира воздухот ако работиш со други луге.
- Промајата е твој пријател!
Се уште не знаеме колку е вирален Ковид-19 т.е дали и колку се пренесува како ситни честички (аеросол), односно се шири преку воздухот во целата просторија.
Според оваа лабораториска студија на The New England Journal of Medicine Ковид-19 може да се пренесе и како аеросол.
И оваа студија Nature.com потврдува дека Ковид-19 може да се пренесе и како аеросол.
Значи, теоретски Ковид-19 се пренесува и како аеросол, но практично се уште не знаеме дали тоа може да доведе до реално сценарио за инфекција.
Иако не знаеме многу работи за вируст Ковид-19 можеме да направиме некои логички работи.
Дојде топло време и сега без проблем можеме да ги спроведеме овие работи:
- Отвoрајте прозорци и врати, особено на работа.
- Не користете клима на работа.
- Во автобус отворете прозорец.
- Во супермаркет прашајте како функционира вентилацијата.
- Во аптека замолете ги да ја отворат вратата, ако веќе не го сториле тоа.
- Во влезот од зградата отворете ги прозорците и држете ја влезната врата отворена.
- Носете маска во продавница и во автобус.
Ова видео ќе ви ги отвори очите како се шираат некои вируси во затворен простор.
И за крај: