Што е теоријата на струните?

Во недостаток на посоодветен превод, оваа теорија (String theory) е нарекувана како Теорија на струни, жици, нишки итн. Но, пред да објасниме што значи таа, да почнеме од друго прашање.

Која е вистинската природа на универзумот? Знаеме дека со микросветот владеат чудни закони на квантната физика кои дозволувaат спонтано настанување на честички или поврзаност на честички оддалечени илјадници километри (quantum entanglement или како што ја нарекувал Ајнштајн “spooky action at a distance”), но ништо не е почудно од теоријата на струните.

Зборувавме за Michio Kaku, кој е еден од основачите на оваа теорија, а други познати теоретичари се Edward Witten, Brian Greene, Leonard Susskind и други.

Кога ги проучуваат елементарните честички научниците се соочуваат со различни проблеми. На пример, за да видиме нешто потребно е светлината како електромагнетски бран да удри во тоа нешто, да се одбие и да заврши во окото. Бранот ја носи информацијата од објектот.

Но, што ако честичките се помали од брановите и тие не можат да се одбијат од нив? Токму тоа е случајот со елементарните честички на материјата.

Научниците морале да смислат начин како да го надминат овој проблем со повеќе бранови должини. За да го постигнат тоа морале да ја зголемат енергијата, но тука се јавил проблем. Кога ги допираме честичките со такви бранови, честичките се менуваат и не можеме да ги мериме.

Како го решиле тоа научниците? Така што решиле честичките да ги гледаат како точки во просторот и создале математичка теорија наречена квантна теорија на полето (quantum field theory). Ќе си речете каква врска има теорија која не е заснована на директни набљудувања со природата на светот. Но, оваа теорија била тестирана многу пати повеќе од која било друга теорија и секој пат положила!

Но, постои проблем! Теоријата на малото не се согласува со теоријата на големото! Т.е. квантната физика и релативистичката физика се две посебни држави или подобро кажано две вонземски цивилизации кои не знаат за меѓусебното постоење.

Научниците повторно ги засукале ракавите и почнале да работат на теорија која ќе ги обедини овие два концепти, како и сите познати физички сили, и резултатот е – теоријата на струните!

Таа го опишува универзумот како составен од елементарни честички кои се всушност вибрации на струни, при што секоја честичка има сопствена вибрација. На ист начин со различни вибрации на жици на инструментите се создаваат различни ноти.

Оваа теорија е математички совршена и докажана, но, има една цака – функционира само во универзум со 10 димензии!

Погледнете повеќе:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *