Како можеме да им помогнеме на пчелите?

Во минатиот текст на тема пчели зборувавме за исчезнувањето на пчелите и т.н. феномен CCD (Colony Collapse Disorder).

Научниците сѐ уште не ја знаат вистинската причина за ова глобално намалување на бројот на пчелите, и претпоставуваат дека улога играат пестицидите, користењето на пчелите за опрашување плантажи со транспортирање од едно на друго место, како и климатските промени итн.

Еден од истражувачите, Paul Stamets, кој е миколог (проучувач на габи) е познат по неговите изјави за чудотворното дејство на габите во разни сфери од животот, а последната негова изјава е дека токму тие можат да ги спасат пчелите.

Тој преку неговата компанија Host Defense која произведува разни додатоци во исхрана на база на габи, има создадено хранилка за пчели која содржи екстракт од габата mycelium која треба да го подобри имуниот систем на пчелите. Според него феноменот CCD е предизвикан од пандемија на вируси кои ги напаѓаат пчелите.

Хранилката е уште во фаза на производство и секој кој е заинтересиран може да се пријави за добивање бесплатен примерок, а такви ќе има 10.000!

Во ова интересно видео Пол зборува за моќта на габите и како тие, според него, можат да ги спасат пчелите.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *