Пчелите изумираат!

„Ако ги снема пчелите, во рок од 4 години ќе ги снема и луѓето,“ Алберт Ајнштајн.

Цитатов кој според многу извори се припишува на Алберт Ајнштајн, всушност е на Maurice Maeterlinck, авторот на делото “The Life of the Bee” од 1901 година.

Ова не е единствен цитат кој се припишува на Ајнштајн, всушност во делото “The Ultimate Quotable Einstein” постои цело поглавје насловено “Probably Not by Einstein”.

Но, темата на нашиот текст не е Ајнштајн, туку пчелите и нивното исчезнување. Навистина, кога би исчезнале пчелите, не би имало опрашување, ниту растенија и хранливи култури, а без нив би немало животни, ниту луѓе. Врската помеѓу пчелите и живиот свет е длабока и праисконска. Ако ве интересира повеќе на таа тема прочитајте го овој едноставен и информативен материјал.

Во последната деценија е воочено исчезнување на пчели низ целиот свет преку процес познат како CCD (Colony Collapse Disorder). Пчелите еден ден се околу и во нивните кошници, а другиот ден ги снемува без трага и глас.

Постојат разни теории за тоа зошто се случува ова, од снемувањето на дрвјата и шумите, преку претераната употреба на пестициди, но вистината е дека никој не знае која е вистинската причина и како да им помогнеме на пчелите.

Тоа претставува појава на која научниците треба да ѝ посветат должно внимание, а за нејзината сериозност зборува и фактот што во Кина веќе се применуваат алтернативни методи на опрашување – луѓе со четки рачно го пренесуваат поленот од растение на растение!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *