Bad Religion, Скопје, скејтери, Це-Kа, Big Bang! #2

Во минатиот текст на кратко зборував за албумот No Control на панк-рокерите Bad Religion и како тој се одрази на една генерација скопски панкери и скејтери.

BadReligionNoControl.jpg

Во овој текст продолжувам во истиот стил, ги пренесувам моите импресии и пораките од музиката во моментот додека ги слушам песните – брзо, бесно, хардкорски! За поцелосно искуство се препорачува слушање на песните.


“It Must Look Pretty Appealing” (1:23), дали уживаш во плодовите на сопствената работа? Има милиони како тебе. Мора да ти е супер додека сонуваш за тоа што прават другите луѓе. Но, храната е пластична, медиумите ти го трујат мозокот. Мислиш дека животот ти е едноставен? Но, зошто тогаш се плашиш од поинаквите луѓе?


“You” (2:05), песнава потсетува на американска верзија на интрото на емисијата на Бранко Коцкица… „У свету постоји једно царство“… Но, всушност е дистопија. Тоа е место каде сите се во право. Дури и тие кои грешат. Вечноста е проклето долго време! Ти ми го избои светот, а јас немам разредувач да ја исчистам бојата… И не можам да заборавам!


“Progress” (2:14) е еколошка песна која прашува која е цената на напредокот. Нема ништо повеќе да се освои. Сѐ е уништено! Сите сме дел од тоа, дали сите сме убијци? Напредокот е нашата порака кон иднината која ја нема. Загадувањето е насекаде и има премногу луѓе. Но, сите ќе платиме за напредокот!


“I Want Something More” (0:47), поседувањето ги убива сите
од памтивек, но јас сакам повеќе! Насекаде отпад од нашите недела, дали има разум?… сакам повеќе!


“Anxiety” (2:08), сѐ е во бавно распаѓање. Анксиозноста е сеприсутна, не можеш да ја потиснеш, таа нѐ уништува, но го храни обичниот човек, таа е основа на општеството! Трчај како лудак, за подобро утре, има ли лек? За што сме бесни? Сакаме повеќе од другиот човек! Бараме вистина, пари? Сите завршуваме исто, сите подлегнуваме на анксиозноста, таа е основа на општеството.


“Billy” (1:54), приказна едно за топло лето и за многу ладни лимонади. Еден Били имал мисла која го движела, но немал истрајност и животот му изминувал од час во час. Пораснал и темнината го обземала, го удрила како цигла, не можел да го скрши ланецот, лаел на месечината и ја фрлил иднината за игла и лажица. Трагично потрошен живот, од ден за ден светлината стивнува…


“The World Won’t Stop” (1:57), Светот нема да застане без тебе! Ти си производ на милионите години еволуција, запамети го тоа! Ти си делче од хаосот, ти си род со сите живи организми, сѐ се движи постојано и нема да застане без тебе!


Нашиот текст застанува тука, а музиката продолжува да живее!

One thought on “Bad Religion, Скопје, скејтери, Це-Kа, Big Bang! #2

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *