За дистопискиот роман „Апокалипса.мк“ на Бранко Прља

Бранко Прља е автор кој е присутен на македонската книжевна сцена веќе 15 години, од неговите скромни почетоци со објавувањето на збирката куси раскази За секого по нешто, за некого ништо до поамбициозните книги како романот Апокалипса.мк. Самиот автор го дели своето творештво во т.н. циклуси, најчесто трилогии од дела, во кои спаѓаат неговите книги со куси раскази, потоа измислените вести, делата со едукативна проза, делата кои ги потпишува со псевдонимот Берт Стајн, т.н. фактопедии и делата од дистопискиот и научно-фантастичен жанр.

Романот Апокалипса.мк е типичен претставник на дистописка литература. Како жанр дистопијата е алатка за критика на општеството и општествен активизам на авторите уште од времето на Сер Томас Мор кој го измислил овој термин, кованица од грчките зборови „лошо“ и „место“, со значење на анти-утопија како што го искористил во своето дело Утопија од 1516 година. Во Енциклопедијата на научна фантастика стои дека „дистописките дела претставуваат негативно гледиште за насоката во која светот наводно оди, со цел да обезбедат итна пропаганда за промена на насоката“. (Стејблфорд, Брајан (1993). „Дистопии“ во делото „Енциклопедија на научната фантастика“, Орбит, Лондон, стр. 360-362)

Прочитајте повеќе на порталот Окно.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *