И по прва… втора фотографија на црна дупка!

Веќе зборувавме за првата фотографија на црна дупка, во центарот на галаксијата М87, но дали знаете дека има уште една фотографија, и тоа на црната дупка во центарот на нашата галаксија!

За да се добијат овие фотографии била остварена соработка помеѓу повеќе екипи и телескопи од Земјата. Но, зошто толку многу телескопи?

Затоа што иако центарот на М87 е супер-масивна црна дупка, таа е толку далеку што на небото зафаќа една многу ситна точка како што е објаснето во видеово:

Една друга слика која доби многу помал куриозитет беше втората слика на црна дупка во историјата, но не помалку позначајна. Се работи за црната дупка во центарот на нашата галаксија. Иако е многу поблиску, на 26.000 светлосни години, таа е многу помала, со маса од 4 милиони Сонца и помалку активна и заради тоа сликата не е толку јасна.

Сепак, таа ги има истите карактеристики како црната дупка М87 – плазма која орбитира околу црната дупка, со посветол регион кој ја означува плазмата која оди кон нас со брзина блиска до брзината на светлината и потемен дел од плазмата која оди во обратна насока.

Возбудливи времиња за астрономијата!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *