До Месечината и понатаму!

Астронаутите се физички и психички здрави луѓе, за тоа зборува фактот дека четворицата од т.н. moonwalkers кои се живи денес, сите се постари од осумдесет години: Buzz Aldrin (89), David Scott (86), Charles Duke (83) и Harrison Schmitt (83).

Овие луѓе се способни да ја поминат напорната обука за астронаути и понатаму да опстанат во екстремните услови во вселенските бродови. Но, се поставува прашањето што сѐ е потребно ако сакаме да пратиме луѓе на Марс. Со други зборови „што е потребно да се спакува за пат на Марс“?

Дознајте повеќе во овој интересен разговор на Нил Тајсон со духовитиот астронаут Мајк Масимино каде што се споменуваат некои навистина откачени идеи како таа да се пратат дебели астронаути на вселенски пат за да се носи помалку храна, бидејќи ќе ги трошат сопствените резерви сало.

Колонизацијата на другите небесни тела е сѐ поизвесна со напорите на Илон Маск, како и вклучувањето на Кина во истражувањето на Месечината, што го разбуди интересот на НАСА за поставување база на Месечината, а понатаму и на Марс. Овие идеи пред 50-тина години се чинеле блиска иднина, но поради веќе напоменати причини истражувањето застанало. Денес, повторно се разгорува и погледнете како НАСА планира да го изведе тоа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *