Вселенската трка, 2 дел

Вселенската трка беше популарен термин кон крајот на минатиот век поради поларизираноста на светот и одмерување на силите помеѓу СССР и САД. Потоа Советскиот Сојуз се распадна, а со него и влијанието на социјализмот во Европа. Соништата за бази на месечината и освојување на вселената замреа.

Требаше да поминат неколку децении и Кина да се зацврсти како светска сила за вселенската трка повторно да стане актуелен термин.

50 години по „малиот чекор за човекот, а големиот скок за човештвото,“ Кина испрати мисија на темната страна на Месечината, „таму каде што претходно не бил никој“.

Како сведожба за тоа дека САД сериозно ги следи новите случувања беше и потпишувањето на директивата за создавање на Вселенските сили (Space Force). Оваа нова гранка на војската има за задача „да ги одврати и да се спротивстави на заканите во вселената“.

Но, дури и во време на претходната вселенска трка помеѓу САД и СССР постоела т.н. Вселенска спогодба (Outer Space Treaty) според која било забрането спротивставените идеологии и дејствија да се пренесат надвор од стратосферата.

Кина не планира да сопре, напротив, постојано се најавуваат нови лансирања и нови мисии, останува да следиме и да се надеваме дека сето тоа ќе придонесе за здрава конкуренција и за развој на човештвото.

Please follow and like us:

One thought on “Вселенската трка, 2 дел

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *