Планети одметници

Според проценките на астрономите во вселената и во нашата галаксија постојат повеќе „самостојни планети“ отколку такви кои се поврзани со некој ѕвезден (сончев) систем. Иако овие тврдења во последно време се оспоруваат, сепак е тешко експериментално да се докажат, бидеќи не можат да се набљудуваат директно, туку со помош на инструменти како Optical Gravitational Lensing Experiment (OGLE).

Како што би кажал нашиот стар пријател Огулин Чулибрк Огло, треба да имаш „око соколово“ за да ги забележиш. Но, што би се случило ако некоја од нив влезе во нашиот сончев систем?

Related image

Таков проблематичен „одметник од законот“ би можел да има катастрофални последици на животот на Земјата. Една таква планета е пронајдена на „безбедно“ растојание од 20 светлосни години од нас, но е 20.000 пати поголема од Земјата, а 13 пати поголема од Јупитер и се движи со брзина од илјадници км/секунда.

Кога толкава масивна планета би влегла во Сончевиот систем, би ги пореметила орбитите на планетите и потенцијално би ја поместила Земјата од златната зона погодна за живот.

Што би се случило понатаму, дознајте од видеото подолу.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *