Кое е најбрзото животно?

Кога станува збор за брзината човекот може да трча најмногу 44.72 km/h. И тоа не секој човек, туку најбрзиот на светот – Јусејн Болт.

Со помош на машините човекот успеал да развие многу поголеми брзини, Thrust SSC, суперсоничен автомобил со авионски мотор достигнал брзина од 1.228 км/час. Но, тоа не е ништо во споредба со вселенското летало Јуно, кое со помош на гравитацијата на Јупитер се забрзало на 210.000 км/час. Во иднина се проценува дека леталото Solar probe plus ќе достигне брзина од 690.000 км/час… што е 0.064% од брзината на светлината… брзините се сепак релативни.

Да се навратиме на нашетео прашање – што е со животните?

И тука зависи како гледаме на работите. Прво, гепардот е најбрзо животно на копно со брзина од 120 км/час.

Трка – формула против гепард!

Сепак, во воздухот постои птица (не е Брзата птица итрица) која лета со брзина од 160 км/час, a во слободен лет (поточно паѓање) може да развие брзина од речиси 400 км/час – тoa e Сивиот сокол. Не за џабе црногорците го користат терминот „соко сиви“, популаризиран од хумористичната серија Топ листа надреалиста.

И за крај, најбрзото животно ако гледаме според критериум: колку телесни должини поминува во секунда, е – верувале или не – една вошка! Нејзиното име е Paratarsotomus macropalpis и во една секунда поминува 322 должини од нејзиното тело, а тоа пренесено во човечка брзина би било како човек да трча околу 2.000 км/час. Колку за споредба, гепардот трча 16 негови телесни должини во секунда.

Да, брзините се (биле и ќе бидат) релативни!

One thought on “Кое е најбрзото животно?

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *