Бескрајна музика

Пред некое време зборувавме за т.н. „музика за учење“. Се разбира, дали користите музика за поттикнување на креативноста и концентрацијата или ви пречи, зависи од вашите навики и од тоа дали сте визуелен, аудиторен, зборовен или кинестетички „ученик“.

Но, генерално сите може да се согласиме дека амбиенталната музика е добра за создавање одредена подлога врз која можеме да градиме сопствени универзуми засновани на фантазија, совладување нови знаење или едноставно добра атмосфера.

Но, денес нема да зборуваме за неприкосновениот Брајан Ино (Brian Eno), туку за еден интересен проект наречен generative.fm.

На самата страница пишува дека станува збор за колекција од генеративни музички дела (рековме дека нема да зборуваме за Ино, но терминот е негов :), кои се генерирани од „систем“ и постојано се менуваат, сѐ додека ја слушате музиката.

Музичките дела на оваа страница кои се минималистички не се снимки, туку секое дело е уникатно и се менува. Музиката е наменета за подобрување на амбиентот, но не бара целосно внимание.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *