Добро учење џезери…

Постои музика за учење, но кога воедно од музиката може и да се научи нешто тоа е совршена комбинација. Јас, како дизајнер и писател, уживам да творам со музика во позадина, независно дали тоа е од моите слушалки или од кафулето во кое сум седнат да работам. Во такви ситуации не постои музика која ми пречи, но секако постои музика која ја преферирам. Во оваа прилика би издвоил три џез албуми како совршен саундтрак за работење интелектуални нешта.

1) Alfa Mist – Antiphon
Британски музичар, кој преку хип-хоп и грајм (grime) стигнал до неговата вистинска љубов – џезот. Албумот е конципиран и испреплетен со разговори кои ги водел со неговите браќа. Мешавина на џез, соул и хип-хип, вистински меланхоличен албум… одлично за скопската „магла“.

2) Tommy Guerrero – No Mans Land
Култен скејтбордер со огромен талент за музиката! Албумот No Mans Land ќе ве однесе далеку во американските прерии во една џез-вестерн авантура со звуците на ѕвечарките и ритамот на амбиентален хип-хоп. Звучи неверојатно (добро)!

3) Robohands – Green
Се враќаме во Англија! Музичар чие вистинско име е Andy Baxter. Албумот е мешавина од амбиентална музика, џез и хип-хоп, со примеси на биг-бит и џангл, жанрови кои се веќе класика на британската музика. Мазно возење!

One thought on “Добро учење џезери…

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *