Филозофија

Арно е портал за „веселата страна на нештата“…


Нашиот рецепт за совршен текст е: земи 50 проценти научни факти и измешај ги со 25% популарна култура и 25% лично искуство. Зачини со хумор, па готви на 20 степени целзиусови една минута и ќе добиеш јадење кое е ем калорично, ем лесно за варење!

Нашата идеја е да се стремиме кон „доброто“ како принцип. Сите теми и текстови објавени на овој портал имаат мисија да ги подобрат работите во нашето општество, да известат за добрите трендови во светот и ако понекогаш зборуваме за лошите појави тоа го правиме со цел да влијаеме на позитивно разрешување на истите (пр. екологија).

Светските медиуми се пренатрупани со лоши вести. Секогаш лошото или негативното привлекува повеќе внимание отколку позитивното. Се разбира, стравот е примарна емоција и тој има заштитна функција, но нашата цел е да апелираме кон повисоките мотиви. Кажано во духот на американскиот психолог Абрахам Маслов, се стремиме кон врвот на пирамидата!

На нашиот портал примарни се статиите од областа на науката и технологијата, затоа што веруваме дека во нив е клучот кон подобро (поарно) денес и утре. Особено веруваме во моќта на популарната наука и нашите текстови имаат таков тон – се’ со цел науката да се доближи кон пошироката публика.

Особено внимание ќе посветиме на екологијата, зашто без здрава животна средина нема напредок, ниту иднина. За на сите да ни биде арно!

Од време на време објавуваме и текстови поврзани со уметноста и културата кои ќе бидат обработени на сличен тон. Секако нема да ги заборавиме ни музиката, филмот ни медиумот на 21 век – подкастот, зашто тие се „саундтрак“ на нашите животи.

Па, нека е за арно!