Брзата мода ја уништува околината

Можеби во нашата држава не се следат светските трендови во науката или во уметноста, во образованието или во културата, но кога станува збор за модата, „барабар“ сме со Милано, Париз и Њујорк. Но, тоа не е наша вина, состојбата е иста насекаде во светот, независно од развиеноста на земјите.


Модните гиганти вредат милијарди долари, а облеката која ја продаваат во просек чини 10 долари. Како им се исплати да ја произведат, транспортираат и продаваат облеката по толку ниски цени? 


Ако сакате да заработите пари можете да создадете мал број квалитетни производи и да ги продавате скапо (пример: Тесла), или да произведете многу неквалитетни производи и да ги продавате евтино, при што морате да продадете многу (пр. Мекдоналдс, Зара и сл.). Како го постигнуваат тоа модните компании?


Одговорот е лесен, со често менување на трендовите, па така старата облека не е ни износена, а веќе станува „демоде“ и потрошувачите купуваат нова и трендовска облека.


Еден ланец на продавници може да замисли, да произведе и да пласира нов тренд, заедно со менување на секој производ во асортиманот, за нецели две недели.

„Старата“ облека брзо завршува на отпад, што е проблем бидејќи таа е направена од полиестер и годишно се трошат 11 милијарди литри нафта за нејзиното производство.


Ако ве интересира повеќе за темата на „пластична облека“ прочитајте тука, а за повеќе информации околу негативното влијание на модните трендови погледнете го видеово.

Додајте го Арно како претпочитан извор на Google

Читајте нè бесплатно на Viber

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *