Носам пластична облека, а можеби сум пластичен и јас

Кон средината на минатиот век пластиката била чудотворен изум кој ја сменил индустријата и секојдневниот живот на човекот и верувам дека научниците кои учествувале во нејзиното пронаоѓање биле водени од искрена желба за напредок.

Влијанието кое го извршиле врз човештвото било револуционерно, но истовремено и уништувачко врз живиот свет и околината. Дали има решение за „„пластичниот проблем“ и особено за проблемот со микропластиката, која е се  посеприсутна, останува да видиме.

Во Македонија сме соочени со макропроблемот на несистематско селектирање и нерегулирано рециклирање, така што микропластиката ни се чини како безначаен проблем, но што порано почнеме да размислуваме за ситните нешта, полесно ќе стигнеме до крупните.

На оние родени во седумдесеттите им е позната песната „Пластика“ од Идоли во која има еден стих „Јас носам пластична облека, а можеби сум пластичен и јас“. Тоа на времето ни се чинеше  како хумористична песна, но она што го зборуваше  е една еколошка вистина. Да, ние носиме пластична облека. Но, зошто?

Текстот е преземен од блогот Самопрашај.мк и таму можете да го прочитате во целост.

One thought on “Носам пластична облека, а можеби сум пластичен и јас

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *