Според Ал Гор „Цементарница“ е најголемиот предизвикувач на климатските промени во Македонија!

Новата алатка и мапа на Ал Гор (поранешниот потпретседател на САД), Climate TRACE, служи за процена колку CO2 произведуваат загадувачите низ цел свет.

На неа можете да погледнете и податоци за Македонија. За нашата цементарница „Усје“ алатката споделува информација дека произведува 520.81 KT (килотони) јаглерод диоксид годишно!

Тоа е повеќе од рафинеријата Окта, двата аеродроми и рудникот Суводол заедно!

Во апликацијата не се вклучени други загадувачи како РЕК Битола, но веројатно наскоро ќе бидат.

На Гизмодо (веб-магазин за технологија и наука) за мапата од Climate TRACE може точно да ги одреди емисиите на стакленички гасови од различни сектори, па сè до поединечни објекти.

Алатката за мапирање, објавена минатата недела на COP27 од организацијата Climate TRACE, користи стотици сателити, илјадници монтирани сензори и различни модели на вештачка интелигенција за мерење на глобалните емисии на различни стакленички гасови од главните сектори, вклучително и производство на нафта и гас, отстранување и управување со отпад, земјоделство, шумарство и користење на земјиштето, транспорт и електрична енергија.

Затоа, внимавајте загадувачи, Ал Гор ве следи!

Ако ве интересираат повеќе податоци и мапата во real-time, посетете го овој сајт.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.