Чувајте си ги N95 маските, ќе ви требаат заради загадениот воздух!

Пандемијата (можеби) замина, но едно е сигурно – загадувањето нема!

Почетокот на ноември во Скопје и Македонија секогаш значи едно. Со доаѓањето на студот и горењето дрва за огрев загадувањето се враќа.

Постои едно решение за проблемот – носете маски!

Овој пат, за разлика од пандемијата, маските наместо внатре треба да се носат надвор.

Друго решение, за жал, нема!

Мерките, како субвенции за употреба на пелети за огрев, со поскапувањето на пелетите се покажаа како неуспешни. Енергенсите се глобално поскапени, не незаинтересираноста на државата да направи нешто по ова прашање е зачудувачка. Додека кај соседите се воведуваа секакви мерки за заштита на производството и муштериите, кај нас се дозволи цената пелетите да отиде „до плафон“.

Со последните мерки на ограничување цена прашањето не се реши:

  • 405 денари за 15 кг, се уште значи речиси 500 евра за 1 тон, што е неприфатливо
  • Многу од продавачите се уште ги држат цените над 500 денари или одбиваат да продаваат пелети заради новата одлука

Префрлувањето на зелена енергија е бавен и скап процес кој во посиромашните држави може да трае со децении.

Затоа, додека чекаме да заврши зимата, единственото решение е да носиме маски!

#стаимаска!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.