Столбови на создавањето или три змејови?

Столбовите на создавањето се збир на гигантски меѓуѕвездени столбови со гас и прашина во маглината Орел, на околу 6.500-7.000 светлосни години од Земјата.

„Столбови на создавањето“ во приказот на вселенскиот телескоп „Џејмс Веб“ на НАСА Кредити: NASA, ESA, CSA, STScI; Joseph DePasquale (STScI), Anton M. Koekemoer (STScI), Alyssa Pagan (STScI).

Тие беа фотографирани од вселенскиот телескоп Хабл во 1995 година. Неодамна објавената фотографија направена со телескопот „Џејмс Веб“ открива нови детали кои ве тераат да размислите дали „Столбовите на создавањето“ е вистинското име. Ние гледаме три змејови, а вие?…

Ако човечкото око лаже, што би кажала вештачката интелигенција? И тоа прашање е веќе одговорено.

Мистеријата е решена благодарение на Stable Diffusion img2img. Се работи за модел за длабоко учење (машинско учење заснованo на вештачки невронски мрежи) на принципот т.н. „текст-на-слика“ кој генерира слики од текст. Ова се резултатите од „експериментот“:

Откритието на „змејовите“ е направено на Reddit од членот @jd_3d

Извор: Pillars of Creation or Three Dragons? – AI Demos

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.