Не можеш да најдеш мајстор? Групата „барам мајстор“ ќе ти помогне.

Групата „Барам мајстор“ е создадена со цел подобрување на мајсторските услуги во Македонија и решавање на овој навидум небитен, а сепак реален и чест проблем.

Ако барате мајстор, а не можете да најдете. Нудите услуги, а не наоѓате клиенти, приклучете се.

Барате мајстор за плочки, оџаци, бојлер, паркет, фасада, кров, олуци, апарати како фрижидер, клима, шпорет, мајстори за купатило, врати, прозорци… ова е вистинското место за вас.

Македонија денес се соочува со многу проблеми. Образованието е на ниско ниво (ич да не зборуваме за науката), а истовремено децата растат во општество во кое се чини дека не вреди да се образува, доволно е да се стекне занает. Сепак, и занаетчии има се помалку…

Како во песната на Рамбо Амадеус „Отиш’о је свак ко ваља“, мајсторите заминаа во земјите каде што се подобро платени.

Со намалувањето на квантитетот, се намалува и квалитетот. Луѓето честопати се жалат дека не можат да најдат мајстор, а и кога ќе најдат тие никогаш не се придржуваат на договорот. Целиот процес станува многу мачен и долготраен.

Групата „Барам мајстор“ се обидува да го реши овој проблем.

Како и во успешната група „Дај, не фрлај“, која е исто така дел од арно.мк, фокусот е на моќта на народот да се самоорганизира, самоконтролира и направи нешто корисно за сите.

Механизмот е прост: ако мајсторот е добар, треба да се пофали, да се коментира и да се искачи погоре во групата и да остане таму, заради квалитетот на услугите.

Ако мајсторот е лош, тогаш групата сама органски ќе го потисне надолу. Не е дозволено намерно оцрнување на мајстори или лични пресметки.

Тоа е дел од филозофијата на „арно“ – се стремиме кон добри вредности.

Во групата се бараат и нудат само одговорни, квалитетни и фер мајсторски услуги.

Она што може да се практикува во групата е:

  • Размена на информации за мајстори во Македонија
  • Искуства со истите
  • Препораки за мајстори во сите области
  • Барање и нудење мајсторски услуги

Арно.мк нема никаква поврзаност со понудените и бараните услуги. Ние ја овозможуваме платформата, а се што се договарате е приватна работа на членовите.

Од ПРАВИЛАТА НА ГРУПАТА пренесуваме:
1) Како група на порталот Арно.мк, нашата идеја не е да ги критикуваме лошите мајстори, туку да разменуваме информации за добри и одговорни мајстори.
2) Пофалете го и споделете го со другите секој мајстор кој ви оставил добар впечаток. Што повеќе добри коментари има, тоа подолго време ќе се одржува на врвот на ѕидот.
3) Ако имате поплаки за некој мајстор, пишете ни приватно.
4) Бидете искрени, добронамерни и без навреди.

Приклучете се, за подобро општество во кое се гради доверба и фер однос.

Барам мајстор | Facebook

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.