Дали направивте ајвар? Ние не, но направивме Aјвар NFT!

Сезоната за правење ајвар е при крај. Дождовите почнаа, убавото време заминува со залихите пиперки и тоа што не чека е долга, студена, темна зима.

Но, не очајувајте! Ајвар NFT е тука за вас, специјално на Арно.мк!

Изберете си Ајвар „плачко“, „лутко“, „смешко“, „откаченко“ или кој било друг ајвар NFT од нашата колекција!

Не пропуштајте, за прв пат во Македонија, автентична македонска NFT колекција!

Што е NFT?

NFT значи „Non-fungible token“ или „незаменлив токен“.

Според Википедија:

Незаменлив токен (NFT) е уникатен дигитален идентификатор што не може да се копира, замени или подели, што е снимен во блокчејн и се користи за да се потврди автентичноста и сопственоста. Сопственоста на NFT се евидентира во блокчејнот и може да биде пренесена од сопственикот, овозможувајќи NFT да се продаваат и тргуваат. NFT може да ги креира секој и бара малку или никакви вештини за кодирање за да се создадат. NFT обично содржат референци за дигитални датотеки како што се фотографии, видеа и аудио. Бидејќи NFT се единствено препознатливи средства, тие се разликуваат од криптовалутите, кои се заменливи.

Како функционираат NFT?

На многу високо ниво, повеќето NFT се дел од блокчејнот како Ethereum, Solana, Polygon и други. Ethereum е криптовалута, како биткоин или dogecoin, но нејзиниот блокчејн исто така води евиденција за тоа кој држи и тргува со NFT.

Што се може да биде NFT?

NFT може да биде што било дигитално (како што се цртежи, фотографии, музика итн.). Моменталната возбуда е околу продажбата на дигиталната уметност.

Еве еден пример од милионите достапни NFT на пазарот.

This last sold for $3,600, but the current owner is asking for $16,300.
Продадено за 3.600 долари, но сегашниот сопственик бара 16.300 долари. GIF од Тревор Ендрју

Повелете и посетете ја нашата галерија и вкусете го Ајвар NFT!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.