Не биди ѓубре, подари книга!

Во градскиот парк постои едно местенце каде што можете да оставите и да си земете книги.

Минатиот викенд бевме да го посетиме и не пречека ова.

За што зборуваат овие слики? За состојбата со книгите, културата, личната и општествена (не)одговорност, или за нешто друго?

Ѓубрето си има место и тоа не е на улица, или во куќичка за книги која има убава замисла, но едноставно не е за нашата средина.

Групите како Не биди ѓубре и Дај, не фрлај се залагаат за една базична култура која вели „не фрлај ѓубре секаде, селектирај, реупотребувај, грижи се за околината и за твоите блиски“.

Книгите се посебен муабет, изгубена кауза, освен можеби шундот, турските и криминалистички серии на литературата, за нив има сегашност и иднина.

Се разбира, има луѓе што читаат, има и такви кои ги почитуваат книгите. Но, тие изгледа не биле во Градскиот парк викендов.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.