За Дејвид Финчер и неговиот омаж на златната ера на Холивуд од 1930-тите

Дејвид Финчер е режисер на легендарниот филм Боречки клуб кој му донесе светска слава на режисерот и писателот и остави длабок печат во свеста на публиката.

Но, другите негови филмови од 1990-тите (Alien 3, The Game), а особено Seven е дел од филм-ноар наследството во историјата на филмот.

Возбудливите трилери како Panic Room и Zodiac го дочекаа новиот милениум во кој се чини дека филмската уметност се оддалечи од вистинските кинематографски вредности за сметка на акцијата, брканиците со коли, експлозиите и празната забава.

The Curious Case of Benjamin Button и The Social Network секако не се дел од таа модерна шема и се оригинални, возбудливи и историски значајни филмски дела.

The Girl with the Dragon Tattoo се чини дека го врати интересот на Финчер за нео ноар жанрот кој е суштински американски уметнички жанр, иако настанал под влијание на германскиот експресионизам. Неговите мотиви се толку автентични и препознатливи што може да се забележат „од авион“, иако се чини дека во овој филм сличноста е повеќе тематска отколку визуелна.

Mank е омаж на старите американски црно-бели филмови и според стилот, темите, визуелните ефекти, кинематографијата и општиот „филинг“ на филмот. Користени се оригиналните техники на старите филмови од пред 80-тина години, со една „цака“ – новиот филм е сосема дигитално направен, а се во него е нивелирано и наместено да ги имитира оригиналните филмови од таа ера.

Колку е тоа веродостојно и дали филмот би бил подобар да е снимен со истата технологија и на ист начин како во минатото? Според нас не. Технологијата напредува и кога се прави „ретро“ пристап во уметноста целта е да се внесе нешто ново, но сепак да се оддаде почит на старото. Ни се чини дека Финчер го постигнал тоа со филмот.

Видете нешто повеќе за филмот и за пристапот на режисерот кој спојува генерации.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.