Кикфлип фест 2 во Скејт парк во Скопје на 20.08 (сабота)

Второто издание Кикфлип фест ќе се одржи на 20.08 (сабота) во Скејт паркот и ќе настапат Cut Your Nipple, Zanadu, Corrosion, Lufthansa и други млади бендови кои ќе бидат најавени наскоро.

Од објавите на Инстаграм издвојуваме.

„Триото CUT YOUR NIPPLE се враќа во Скопје со една третина сменета постава и целосно оздравен грб. „Работат“ на вториот албум и најверојатно ќе свират нешто од истиот на КИКФЛИП ФЕСТ 2.“

Занаду е млад бенд од Скопје, кој не верува во жанровски ограничувања, а на музиката гледа како слобода за канализирање на моментална емоција, импулс и енергија. Слободното течење и храброто пливање низ жанрови, ритмови и фрекфенции се начини на кои пробуваме да го пронајдеме звукот кој ни се допаѓа. До сега го имаме објавено нашиот прв сингл “Навика” како предвесник на првиот албум.”

После доста настапи меѓу кои и Земјотрес и Д фест Corrosion го заслужија пак местото на овој фестивал. “Ние сме Corrosion. Нашиот звук се базира врз прекумерено користење на звучни ефекти и максимално искористување на сета опрема што ќе ја најдеме. Со досега 2 објавени албуми и подготовки за нов, веќе го дефинираме нашиот звук, за кој се стремиме да го усовршиме.”

Луфтанза се шестчлен бенд. Свират рок музика. Најјако им е.

Наскоро ќе бидат објавени и другите бендови кои ќе настапат на фестивалот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.