Џон Кармак за Doom, Quake, VR, игрите, програмирањето и многу повеќе!

Секој кој ја започнал „играчката кариера“ во 1990-тите години знае кој е Џон Кармак (John Carmack).

Пред времето на Counter Strike и интернет кафеата во кои се собираше скопската младина која немаше доволно силни компјутери и доволно брз интернет дома, постоеја Doom и Quake. Пред нив постоеше Wolfenstein 3D, но тоа е друга приказна.

Doom (1993)

Doom се смета за една од првите пионерски игри со пукање во прво лице (first-person shooter games). Тие игри вовеле 3D графика и просторност, мрежно играње со повеќе играчи и поддршка за модификации од играчи.

Doom е навистина значајна игра како пионер, но надоградувајќи се на нејзиниот успех, Кармак и неговиот тим создале уште позначајна игра.

Quake (1996)

Целата околина во Quake била моделирана во 3D, за прв пат во историјата на игрите. Quake го отворил патот за Call of Duty, Battlefield, Overwatch, Skyrim, па дури и виртуелната реалност со тоа што го постави играчот во целосно реализиран 3D свет, едноставно дозволувајќи му слободно да гледа 360 степени наоколу.

Quake е во голема мера одговорна за е-спортската (електронски спортови) сцена која е богата денес, а пред оваа игра не постоела. Играта беше пионер на натпреварувачки гејмерски настани со мултиплеер настанот Red Annihilation Quake кој се одржа во мај 1997 година.

Таа била првата игра со мапи специфични за повеќе играчи. Деновиве идејата за дополнителни пакети мапи за повеќе играчи се смета за нешто нормално. Но, пред Quake, целата идеја мапите да бидат дизајнирани специјално за онлајн мултиплеери била нечуена. Quake ги дефинирал социјалните игри и концептот на кланови.

Музиката за Quake ја направил Трент Резнор (Nine Inch Nails) и тоа бил неговиот прв саундтрак. Трент бил фан на Doom, а Кармак на Nine Inch Nails и ѕвездите се споиле!

Слушнете од самиот Џон Кармак што има да каже на овие теми и многу повеќе:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.