10 објаснувања зошто планетата Земја не е рамна плоча!

Теориите на заговор не само што се ненаучни, туку и можат да бидат штетни за човекот како индивидуа и да го уназадат општеството како целина.

Жално е што во 21 век мораме да изнесуваме докази зошто планетата Земја не е рамна плоча, но секако ќе го направиме тоа.

Discworld creation of Terry Pratchett - ABC News (Australian Broadcasting  Corporation)

Земjата не е рамна плоча!

#1 Уште старите народи (пред 2.000 години) знаеле дека Земјата е сферична. Кога ги гледале бродовите како заоѓаат на хоризонтот забележале дека прво се губи долниот дел, па потоа горниот дел. Тоа се случува заради закривеноста на Земјината површина.

#2 Кога има затемнување на Месечината на неа се гледа сферичната сенка на Земјата.

#3 Уште еден од едноставните аргументи е ако се качиш на повисоко – гледаш подалеку!

#4 Сите вселенски објекти се сферични, тоа може да се докаже со голо око (месечината) и со аматерски телескоп. Галилео со неговиот телескоп ги видел Венера, Јупитер и неговите сателити и прстените на Сатурн, и замислете – сите биле кружни!

#5 Aнтичкиот полимат Ератостен го пресметал дијаметарот на Земјата со помош на различни сенки на стап со иста должина во Александрија и Асуан во Египет.

#6 Видливите соѕвездија се менуваат додека Земјата ротира. Соѕвездијата кои се премногу на север или на југ не можат да се видат од спротивната хемисфера затоа што тие секогаш се под хоризонтот.

#7 Се разбира и науката има модерни аргументи, како временските зони или годишните времиња кои би биле невозможни доколку земјата е рамна.

#8 За да функционира GPS мора да се земе во предвид закривувањето на Земјата, а во ист момент вашиот GPS не може да комуницира со сите сателити, зашто дел од нив се од другата страна на Земјата

#9 Гравитацијата и плима и осека, ефекти кои не се возможни за рамна земјина плоча.

#10 Илјадниците фотографии од вселенски објeкти и видеа на планетата Земја од Меѓународната вселенска станица!

Земјата е дефинирана како сфера, или ако сакате попрецизно, според Исак Њутн од во 1687 година, Земјата е елипсоид!

2 thoughts on “10 објаснувања зошто планетата Земја не е рамна плоча!

  1. 1) Dali nekoj videl sfericno iskrivena povrshina na voda (more, okean) !? – NAUCNO NEPOZNATO I NEVOZMOZNO !!! 2) Dali pilotite na avioni na sekoi 5 (pet) minuti letanje go spushtaat klunot na avionot !? (ako pilotite ne ja menuvaat vertikalnata nasoka na avionot, a Zemjata e navodno okrugla, OTIDOA AVIONITE PRAVO VO KOSMOS !!!)

    1. НЕ МОЖЕШ да го „исправиш носот“ на авион на таа височина! Како се поместува нешто од еден метар за неколку милиметри??? .

      Она што го правип, исто како да управуваш околу ЏИНОВСКИ круг со дијаметар од 12000 км, ако си премногу блиску до левата страна, управуваш десно. Ако си премногу блиску до десно, управуваш лево. И во авион, ако си премногу „горе“ или „долу“, се насочуваш на спротивната страна додека не се вратиш во „твојата“ надморска височина која е со илјадници метри промена и која постојано има отстапувања.

      И искрено, по еден км, да ја прилагодиш твојата височина за само неколку мм би било како да управуваш со игла од авион. Авионот отскокнува нагоре и надолу повеќе отколку во тешки турбуленции. Пилотите се насочуваат кон една височина над морското ниво и таа ВИСОЧИНА се криви околу Земјата, така што авионот автоматски ја следи кривата како нуспроизвод на едноставното управување.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.