Времеплов на вселенската трка!

Дознајте кога започнала вселенската трка, како се одвивала и кога завршила!

Вселенската трка помеѓу СССР и САД била епска борба на две светски супер-сили во која технологијата напреднала неверојатно, а луѓето кои работеле на тоа и тие кои ги изгубиле животите биле славени како херои.

Вселенската трка донела пионерски лансирања на вештачки сателити, роботски вселенски сонди на Месечината, Венера и Марс, и човечки вселенски летови во ниската Земјина орбита и на крајот на Месечината.

Погледот кон вселената одел толку далеку што до крајот на векот со сигурност се предвидувало дека ќе имаме бази на Месечината, па дури и на Марс.

Но, овие соништа стивнале откако односите помеѓу СССР и САД се подобриле, а светот станал помалку поларизиран. Исто така се намали бројот на мисиите и истражувањето на вселената.

Но, за среќа, поради иницијативите на неколку мечтатели со големи финансиски средства, истражувањето на вселената повторно се актуализираше, а денес НАСА и другите вселенски агенции се повторно многу активни.

Плакатот на Арно.мк за потребите на групата „Астрономска опсерваторија во Македонија,“ симнете го со подобра резолуција тука!
Кога започнала вселенската трка и што се случувало понатаму?

4 октомври 1957 година: СССР успешно го испратиле првиот вештачки објект во вселената. „Спутник“ е првиот орбитален сателит во светот.

3 ноември 1957 година: Второто експериментално летало успешно лансирано во земјината орбита, Спутник 2 со кучето Лајка – првиот биолошки организам кој влегол во вселената.

31 јануари 1958 година: САД го лансирале својот прв сателит, Explorer 1, три месеци по лансирањето на Спутник

1 октомври 1958 година: НАСА почнала да функционира. Претходно на 29 јули 1958 година, претседателот Ајзенхауер го потпиша Актот за аеронаутика и вселена (National Aeronautics and Space Act,) со кој се формирала НАСА.

12 септември 1959 година: Советскиот Сојуз го лансирал Луна 2, првото вселенско летало кое успешно слета на површината на Месечината.

19 август 1960 година: СССР го лансирале Спутник 5 со две кучиња, Белка и Стрелка, кои биле првите животни кои се вратија на земјата по еден ден во вселената.

12 април 1961 година: Советскиот космонаут Јуриј Гагарин станал првиот човек во вселената кога успешно го завршил 108-минутниот околу Земјата.

31 јануари 1961 година: НАСА го испрати шимпанзото Хем во вселената. И покрај тоа што капсулата го изгуби притисокот, вселенскиот костум го спаси и Хем се врати на земјата.

5 мај 1961 година: Алан Шепард станува првиот американски астронаут во вселената. Наводно, поради позицијата на отворите тој не можел да ги види ѕвездите.

25 мај 1961 година: Претседателот Кенеди одржа говор пред Конгресот во кој објави дека САД ќе испратат човек на Месечината пред крајот на деценијата.

16 јуни 1963 година: Валентина Терешкова стана првата жена во вселената, орбитирајќи околу Земјата 48 пати во текот на речиси три дена.

Валентина Терешкова, првата жена во вселената

14-15 јули 1965 година: Маринер 4 станало првото вселенско летало што успешно отпатувало до Марс и направило фотографии од друга планета од вселената.

18 март 1965 година: Советскиот космонаут Алексеј Леонов лебдел 12 минути слободно во вселената на 16 метри долгиот врзувач (тетер), со што станал првиот астронаут кој „прошетал во вселената“.

21 февруари 1967 година: Астронаутите Вирџил I Грисом, Едвард Хигинс Вајт и Роџер Чафи ги загубиле животите кога избувна пожар на нивното летало за време на проба за лансирање.

20 јули 1969 година: Во 22:56 часот по локално време, Нил Армстронг станал првиот човек кој стапнал на Месечината.

11-17 април 1970 година: Кога резервоарот за кислород експлодирал на третата мисија на НАСА за слетување на Месечината, Аполо 13, астронаутите се вратиле дома во лунарниот модул.

19 април 1971 година: Саљут 1 е лансиран од СССР и станал првата вселенска станица, која кружела околу Земјата 3.000 пати во текот на 157 дена во орбитата.

Apollo–Soyuz

15-24 јули 1975 година: Бидејќи политиката на детант водела до смирување на тензиите меѓу двете суперсили, бил лансиран Apollo–Soyuz, заедничка мисија меѓу САД и СССР.

Освојувањето на вселената продолжило, но ерата на интензивна вселенска трка заврши се до новата ера на приватници како Илон Маск.


ПС: Прочитајте ја и книгичката „Вселенскиот пионер Јуриј Гагарин“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.