Програма на „Нихон џи – Фестивал за јапонска култура“

Во градот убав во сабота 28.05.2022 во Public Room од 11 часот наутро до доцна навечер ќе се одржи фестивал за јапонска култура. Литература, поезија, кинематографија, музика, архитектура, боречки вештини, технологија, мода, гастрономија… Повеќе инфо тука. Ви ја пренесуваме програмата на фестивалот.

◦ 11:00 (Kids Room) – Турнир во „Tekken 7“ | Организатор: Филип Георгиев; Коментатори: Ѓорѓи Конгуловски и Марко Гулевски.

◦ 11.30 – 11:45 (Отворена тераса) – Официјално отворање на фестивалот со претставници на Амбасадата на Јапонија во Северна Македонија и пригоден говор на амбасадорот Савада Хиронори.

◦ 12:00 – 14:00 (Отворена тераса) – Презентација на боречки вештини | Аикидо Клуб „Хенбо“; Шуготенши Карате Клуб „Јамамори“; Џудо Кулб „Миоки“ и Кендо доџо „Јошин“.

◦ 12:00 – 16:00 (Наспроти Slava room) – Yu-Gi-Oh! Турнир | Во организиранизација на Гоблин Друштвени Игри.

◦ 12:00 – 16:00 (Приземје трет дел) – Уредувачки маратон на Википедија статии на македонски јазик, поврзани со јапонски теми | Здружение Споделено знаење

◦ 12:00 – 14:15 (Slava Room) – Работилници за Kumihimo/Monkiri | проф. Такеши Мацунага, Драгана Стикова, Анита Пренџова.

◦ 12:15 – 13:15 (Cosy Room – Attic) Сè што сакате да знаете за Јапонија а не сте имале кај да прашате – Културно/општествена трибина: Што е вистина а што мит за јапонскиот начин на живот? Јапонски животни и работни навики, култура, менталитет и општествени норми. | Учесници: Ладислав Лешниковски и Јуко Сакагучи | Трибината ќе се одвива на англиски јазик, а модератор е Билјана Кочоска.

◦ 13.30 – 14.30 (Cosy Room – Attic) Литературна трибина: (НЕ)ПРЕВОДЛИВИТЕ ЗБОРОВИ ОД ЈАПОНСКАТА ЕСТЕТИКА: Популарни јапонски концепти во литературата и уметност кои наоѓаат своја примена во зголемување на квалитетот на живот. (ваби саби, моно но аваре, ичиго ичие, кинцуги, икигаи) | Учесници: Владимир Мартиновски, Илина Јакимовска, Паулина Јамакова-Пејкова.

13:30 – 15:30 (приземје трет дел) – Турнир во Pokémon Go | Организатор: Васко Ѓорѓијевски.

◦ 14:30 – 15:30 (Slava Room) – Работилница за Роботика | Сивус Едукативен и Развоен Центар.

◦ 15:00 – 15:25 (Cosy Room – Attic) – Проекција на краткометражно аниме: „Гласови од далечна ѕвезда“ на Макото Шинкаи (25 мин).

◦ 15:30 – 16:30 (Cosy Room – Attic) – Оживување на имагинарни светови – Дискусија за специфичноста на уметничкиот израз во јапонската наспроти западната анимација. | Учесници: Златко Ѓелески, Ристо Манасиев, Стефан Николовски

◦ 16:00 – 17:30 (Slava Room) – Церемонија на чај | проф. Такеши Мацунага, Илина Јакимовска, Иван Јакимовски, Андреј Јованчевски и Дејан Шаговски.

◦ 16:40 (Наспроти Slava room) – Рачно цртање стрип/манга. | Работилница на Стефан Николовски и Ристo Манасиев.

17:00 – 17:30 (Приземје втор дел) Видео презентација од областа на архитектурата на тема – Развој на архитекторнски простор низ призмата на секојдневните објекти: Јапонскиот тоалет од Едо период до денес. | Презентер: Ирена Атковска.

◦ 17:00 – 20:00 (Cosy Room – Attic) – Проекција на филм: „Исповеди“ на Тецуја Накашима (110 мин).

◦ 18:00 (Conference room) Перформанс сликање на тело | Бојан Ковски.

◦ 18:00 – 19:00 (Приземје втор дел) – Хаику перформанс (повеќе автори) | Ќе читаат: Васко Марковски, Владимир Мартиновски, Николина Андова Шопова, Искра Донева и Симеон Златев – Моне. Автори кои нема да бидат присутни, но чии хаику песни ќе се читаат: Зоран Радически, Пере Ристески, Митко Гогов и Александар Маџаровски.

◦ 18:00 – 19:00 (Приземје втор дел) – “Нацртај во свој стил” презентација на дигитално цртање во живо од неколку илустратори | Илустратори: Јована В. Трајанова и Мартин Алексов.

◦ 20:00 – 20:10 (Cozy Room – Attic) – танцов перформанс за презентација на модна колекција на Катерина Димитровска

◦ 20:10 – 20:40 (Cosy Room – Attic) – Cosplay натпревар.◦ 20:40 – 21:00 (Cosy Room – Attic) – Доделување на награди.

◦ 21:00 – 22:00 (Отворена тераса) – Galatheia DJ Set.

◦ 22:00 – 01:00 (Cosy Room – Attic) – Karaoke with Princess Donatsu.

● Целодневни настани
Прв и втор кат – Уметничка изложба на илустрации, дигитални слики и фотографии инспирирани од јапонска уметност/култура: Тамара Забазноска, Ивана Атанасовска, Нина Симовска, Иван Петрушевски, Ирма Башеска Ристовска, Симон Калајџиев, Зориа Петковска Калајџиева, Стефан Николовски, Ристo Манасиев, Џошкун Алиевски, Сара Стаменоквиќ, Розе Стојовска, Надица Атанасова, Мартин Алексов, Бурџу Мусли, Јана Лауцоска, Деспина Џепаровска, Дарко Влаинков, Јована В. Трајанова, Анастасија Зафировска
◦ Conference room – Моден дизајн – Инсталации и перформанси од истакнати македонски модни дизајнери со презентација на нивни колекции инспирирани од јапонска мода.- Катерина Димитровска, Ивана Секуловска, Роберт Ивановски, Силвија Алшар
◦ Втор дел на приземје – Презентација на македонски друштвени игри (board games) со јапонска тематика:- Archona Games – Small Samurai Empires
– Bujinkan – Samurai vs Ninja
Втор дел на приземје – Презентација на македонска манга „Такаматсу во Кина – Борбата со Чо Ширју“ на Игор Довезенски (илустрирана од Таки Гаковски)
◦ Ревијални Cosplay учесници.
Open terrace – Подготовка на суши во живо.
◦ Дегустација на јапонски пијалоци | Денмак.
Entrance hall | Pop-up shops:– Облека со јапонски мотиви | Нина Симовска
– Накит инспириран од јапонска мода | Factory girl
– Јапонски чаеви и сетови за церемонија на чај | La Cha
– Аниме фигури | Anime shop
– Манга стрипови
– Книги со јапонска тематика и од јапонски автори | Книжарница Три
– Друштвени игри | Гоблин Друштвени Игри
– Фанко поп фигури | Гоблин Друштвени Игри
– Рачно изработени торби со јапонски мотиви | Foreground Tote Bags
– Продажба / изложба на бонсаи | Oaza Bonsai Nursery & Garden Center

● Програмата може да подлежи на минимални промени.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *