Помеѓу бактериите во цревата и мозокот постои дијалог!

Нуспроизводите од цревната флора (микробиота, поточно бактериите кои живеат во цревата) циркулираат во крвотокот, регулирајќи ги физиолошките процеси на домаќинот вклучувајќи го имунитетот, метаболизмот и функциите на мозокот.

Цревата се најголемиот резервоар на бактерии во телото. Сè поголем број докази го откриваат степенот на меѓусебна зависност помеѓу индивидуата и нејзината цревна микробиота и ја нагласуваат важноста на врската црева-мозок.

Научниците од Институтот Пастер, Инсерм и ЦНРС открија дека хипоталамичните неврони во животинските модели директно ги детектираат варијациите во бактериската активност и соодветно ги прилагодуваат апетитот и температурата на телото.

Овие наоди покажуваат дека се јавува директен дијалог помеѓу цревната микробиота и мозокот, откритие што може да доведе до нови терапевтски пристапи за справување со метаболичките нарушувања како што се дијабетесот и дебелината.

Наодите од истражувањето се објавени во списанието Science на 15 април 2022 година.

Decoding a direct dialog between the gut microbiota and the brain

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.