Илон Маск за Твитер, Тесла и за иднината

По сите контроверзии во врска со Твитер, критиките од Илон Маск дека овој медиум ја забранува демократијата и правото на говор, и шпекулациите дека основачот на Тесла ќе направи негова сопствена медиумска компанија, Илон Маск понуди да го купи Твитер.

Во ова интервју Илон зборува подетално за неговите планови.

На прашањето дали има план Б, ако купувањето не успее, тој изјави дека има – но не откри што е.

Илон Маск е чудак во најмала смисла на зборот, но со неговата упорност, храброст и опсесивност, успеал да направи многу значајни нешта и е водечка личност во борбата против фосилните горива и за еколошка и одржлива иднина.

Водителот во интервјуто во еден момент коментира дека му причинило задоволство да го види Илон Маск како се дружи со неговото дете (на доделување на наградата „Личност на годината“), на што Илон, со неговиот необичен хумор и порача на публиката да не се грижат, дека детето е вистинско и дека не е магионичар кој зборува од стомак со кукла.

Elon Musk Brings Son X AE A-Xii to Person of the Year Event: Photos | PEOPLE .com

На прашањето како ја замислува иднината на децата, Маск одговори дека таа ќе биде дигитална иднина и многу поразлична од неговото детство.

На темата на детството, тој изјави дека има Аспергеров синдром, немал лесно детство, честопати бил малтретиран од другите, не разбирал работи кои за другите биле сосема нормални, но затоа многу го сакал читањето и физиката затоа што таа е ултимативна потрага по вистината, а него многу му значи тоа во животот – вистината.

Кога бил тинејџер ја изгубил смислата на животот, се обидел да ја најде во делата на големите филозофи како Хајдегер (што не го препорачува на ниту еден тинејџер), а конечно ја нашол во делото „Автостоперски водич низ галаксијата“ на Даглас Адамс, која според него не е научно-фантастично, туку филозофско дело.

The 50 Best 'Hitchhiker's Guide To The Galaxy' Quotes About Life, The  Universe, And Everything

Во делото се поставува прашањето „која е смислата на животот, на универзумот и на се што постои?“ на која што специјално програмираниот суперкомпјутер наречен „Длабока мисла“, по 7.5 милиони години конечно го дава одговорот.

Одговорот на смислата на животот, универзумот и се што постои е – четириесет и два!

Илон ни објаснува дека токму апсурдноста на одговорот му помогнало да разбере дека таков одговор не постои и дека е многу побитно прашањето. Од тогаш Илон трага по вистинските прашања.

Погледнете го видеото, меѓу другото се зборува за Твитер и за Тесла.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *