Како пијаните мајмуни ни помагаат да ја разбереме фасцинацијата на човечкиот род со алкохолот

Веќе 25 години, биологот Роберт Дадли од Беркли, Универзитет во Калифорнија, е заинтригиран од „љубовта“ на луѓето кон алкохолот. Во 2014 година, тој напиша книга во која предлага дека нашата привлечност кон алкохолот се појавила пред милиони години, кога нашите предци мајмуни откриле дека мирисот на алкохол ги водел до зрело, ферментирано и хранливо овошје.

Една нова студија објавена во Royal Society Publishing на 16 март 2022, сега ја поддржува оваа идеја, која Дадли ја нарекува хипотеза за „пијаниот мајмун“.

Истражувачите собирале овошки кои по јадење ги фрлеле црнораките пајак мајмуни (Ateles geoffroyi) во Панама. Тие откриле дека концентрацијата на алкохол во овошјето е типично помеѓу 1% и 2%, нуспроизвод на природна ферментација од квасците (еукариотски, едноклекточни микроорганизми класифицирани како членови на царството габи) кои го јадат шеќерот во овошјето.

The Drunken Monkey by Robert Dudley

Покрај тоа, истражувачите собрале урина од овие мајмуни и откриле дека урината содржи секундарни метаболити на алкохол. Овој резултат покажува дека животните всушност го користеле алкохолот за енергија – тој не поминувал само низ нивните тела.

„За прв пат, успеавме да покажеме, дека дивите примати, консумираат овошје кое содржи етанол“, соопштија истражувачите. „Ова е само една студија и треба да се направат повеќе, но изгледа дека можеби има одредена вистина во хипотезата за „пијаниот мајмун“ – дека склоноста на луѓето да консумираат алкохол произлегува од длабок и вкоренет афинитет на приматите за етанол кој природно се појавува во зрелите плодови“.

Дадли ја изнесе оваа идеја пред осум години во книгата „Пијаниот мајмун: Зошто пиеме и злоупотребуваме алкохол“. Мерењата покажаа дека некои овошја за кои е познато дека ги јадат приматите имаат природно висока содржина на алкохол до 7%. Но, во тоа време, тој немал податоци кои покажуваат дека мајмуните преферирале ферментирано овошје. Сега се чини дека пристигнуваат првите докази.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.