Која приказна се случува најдалеку во иднината?

Научно-фантастичните приказни најчесто се случуваат во далечна иднина. Времињата опишани во некои од нив, како „2001: Вселенска одисеја“ или „Враќање во иднината“, каде главниот лик Марти (Мајкл Џи Фокс) оди во 2015 година се веќе минато, но други дела одат многу подалеку. Ова е нашата листа (инспирирана од дискусијата на истото прашање на Редит) во врска со тоа која приказна се случува најдалеку во иднината.

Забелешка: Во изборот се вклучени само литературни дела, но не и игри, филмови, серии, стрипови и слично, кои честопати се случуваат во далечна иднина (за таква листа погледнете го ScifiFandom). Имињата на делата и на авторите се дадени во оригинал, за да можете да истражите повеќе и сами 🙂

Isaac Asimov's Foundation Saga Given Full Series Order by Apple

Diaspora (Greg Egan)

Романот се случува во 2.975 година, во постчовечка иднина, во која трансхуманизмот одамна (во средината на 21 век) станал стандардна филозофија прифатена од огромното мнозинство култури.

Dune (Frank Herbert)

Годината кога се случува дејствието е 10.191 година AG (After Guild, што започнува во 16,200 г.), што значи дека романот се одвива во 26.391 година.

Foundation (Isaac Asimov)

Според проценката на Асимов, неговата Foundation се одвива 50.000 години во иднината.

The Noumenon trilogy (Marina J. Lostetter)

Започнува во сегашноста, или не толку далеку во иднината, и се протега околу стотина илјади години.

The Time Machine (H.G. Wells)

Се случува во 802.701 година од нашата ера. Во приказната патникот по грешка ја повлекува рачката која ја одредува годината на патувањето и завршува околу 30 милиони години во иднината каде што Сонцето е црвен џин. Забелешка: науката тврди дека сонцето ќе почне да станува црвен џин, а Земјата непогодна за живеење за околу милијарда години од сега.


Милиони години во иднината

Larry Niven, A World Out of Time, Orbit/Futura, 1977. Cover: Tony Roberts.  Serialized as "Rammer", Galaxy Magazine, 1971; "Down and Out" & "The  Children of the State", Galaxy Magazine, 1976. : r/TerranTradeAuthority

A World Out of Time (Larry Niven)

Протагонистот оди 3 милиони години во иднината и открива многу поинаква Земја кога ќе се врати.

House of Suns (Alastair Reynolds)

Приближно шест милиони години во иднината, кога човештвото ја колонизирало галаксијата Млечен Пат.

The Book of Ptath (A. E. van Vogt)

200 милиони години во иднината.


Милијарди години во иднината

Умот на големите писатели на научна фантастика не оди само стотици, илјадници или милиони години во иднината, туку дури и милијарди!

Two Improvised Fugues: Arthur C. Clarke's The City and the Stars and  Against the Fall of Night | Tor.com

Against the Fall of Night (Arthur C. Clarke)

Се случува околу милијарда години во иднината.

All Tomorrows (C.M. Kösemen)

Хроника која започнува во 22 век и завршува околу 1 милијарда години во иднината.

First and Last Men (Olaf Stapledon)

Епска историја на иднината со многу долг временски распон, околу 2 милијарди години.

The City and the Stars (Arthur C. Clarke)

Дејствието се одвива приближно 2.5 милијарди години во иднината.

XX (Rian Hughes)

Приказни кои се протегаат до судирот помеѓу Млечниот Пат и Галаксијата Андромеда (4 милијарди години).


До крајот на времето!

На некои автори не им било доволно да погледнат далеку во иднината, па дејствијата ги сместувале на самиот крај на времето.

Hitchhikers Guide to the Galaxy Trilogy Collection 5 Book Set - 19.99 USD –  Just Kids Books

Eternity (Greg Bear)

Некои ликови доаѓаат од крајот на универзумот

Between the Strokes of Night (Charles Sheffield)

Приказната оди до Големото собирање (Big Crunch).

Dancers at the End of Time (Michael Moorcock)

Се случува „на крајот на времето“, ера каде што ентропијата владее и универзумот почнува да колабира сам во себеси. Сè е колабирано во црни дупки, а потоа црните дупки испаруваат, а формите на живот се собираат околу голите сингуларности.

Restaurant at the End of the Universe (Douglas Adams)

Самиот наслов го дава одговорот!


По крајот на времето!?

Научно-фантастичните умови не застануваат тука, туку одат и понатаму. Навистина ако времето завршува со крајот на универзумот, тогаш е невозможно нешто да се „случи“ потоа, или не?

How Many Books In Wheel Of Time? Best Update [2022] - PBC

The Wheel of Time (Robert Jordan)

Се случува толку далеку во иднината што времето заокружува назад и се враќа во минатото. Нешто слично се случува и во The Time Ships (на Стивен Бекстер, каде патникот оди и до почетокот на времето, продолжение на романот „Временска Машина“ на Велс)

Manifold: Time (Stephen Baxter)

Книгата започнува на крајот на просторот и времето, кога последните потомци на човештвото се соочуваат со бесконечно постоење. Физичкиот универзум се распадна, но некоја форма на интелигенција преживеала со вградување во компјутерски супстрат без загуби каде што теоретски може да преживее бесконечно.

The Last Question (Isaac Asimov)

Оди до крајот на сè и бидејќи тоа не е доволно далеку, започнува сè повторно. За самиот крај на времето се вели дека е десет трилиони години во иднината, а кулминацијата на приказната се случува дури подоцна, по „безвременски интервал“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *