Хабл ја забележа најдалечната ѕвезда во историјата

Вселенскиот телескоп Хабл ја сними најоддалечената ѕвезда до сега, според студијата објавена на 30 март во списанието Nature.

Астрономите ја идентификуваа ѕвездата – која речиси сигурно го завршила својот животен век пред скоро 13 милијарди години – со помош на феноменот познат како гравитациска леќа.

„Се случи прекрасна космичка коинциденција“, рече астрономот Мишел Талер од Центарот за вселенски летови Годард на НАСА. „Сè беше наредено совршено. Блискиот кластер на галаксии создаде гравитациска леќа, всушност го извитка просторот како природен телескоп“.

Новооткриената ѕвезда е официјално означена како WHL0137-LS. Меѓутоа, истражувачите и го дале името “Earendel,” што е староанглиски збор за „утринска ѕвезда“.

Арендел е стара 12.9 милијарди години, кога вселената била 6% од денешната, т.е. 900 милиони години (ако сметаме дека вселената е стара 13.9 милијарди години).

Earendelfartheststar

Светлината на Арендел е милион пати посилна од таа на Сонцето и тежи околу 100 соларни маси. „Ваквите ѕвезди не живеат долго“, рече Талер. „Значи, гледаме светлина од ѕвезда која веројатно живеела само неколку милиони години.“

„Значи, тоа е прекрасен подарок од универзумот“, додаде Талер. „Шанса да се погледне назад во времето. Шанса да дознаеме повеќе за тоа од каде дојдовме, какви биле нештата пред милијарди и милијарди години“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.