Изложба: Слободни реки – слободни деца!

На 22-ри март, денот на водите, ќе се одржи изложбата „Слободни реки за слободни деца“. Изложбата ќе биде отворена со проекција на филмот „Заробени реки“ и мини концерт на инклузивниот хор на Колектив Ветерница и Трисомија 21 Скопје.

Во текстот споделен на ФБ страницата за изложбата се наведува:

„Како колектив за користење на креативна енергија со поддршка на SEENET и Еко Свест тргнавме во инклузивна истражувачка експедиција за природната средина со особен фокус на реките. Нашиот поток со притоките на Општествената градина – Бостание, Природно научниот музеј на Македонија и КСП Центар Јадро, стана вистинска река со богата флора и фауна во која се роди „Флуви“.А што е „Флуви“? Флуви е заштитник на слободните реки. Флуви е полу човек – полу риба. Флуви е мутант риба. Флуви е раскажувач за реките. А што се реките? Реките се изворот на живот на планетата земја и нашата мисија е да ги чуваме слободни, природни и чисти.“

Ние како портал се приклучуваме во поддршка на оваа идеја, а во нашите групи „Не фрлај, не загадувај!“, „Кеса не, благодарам. Торба си носам!“ имаме зборувано на темава, додека во групата „И Драчево е Скопје“ зборувавме и го документиравме уништувањето и активностите кои негативно влијаат на Маркова река. Упативме и апел за план за заштита на коритото на реката.

Повелете на изложбата, сакајте ги реките и водите зашто тие се живот, и од нив зависиме сите. Да не дозволиме повеќе да ги искористуваат за приватно добро!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *