Рециклирањето пластика е (добронамерна?) лага!

Пластиката која ја селектирате (е можно да) ви се враќа како загаден воздух кој го дишете! Но, пред да преминеме на објаснувањето зошто тоа е (или може да биде) така, кликнете на видеово:

A Plastic Surgery: Coca-Cola’s Hidden Secrets

Добредојдовте во чудесниот свет на рециклирањето пластика!

Во видеото, на кратко раскажано, се зборува за ова:

1) Во 1960-тите (американските) компании биле обвинети за големите количини отпад

2) Во 1970-ти (американските) компании го замислиле рециклирањето под мотото:

„Луѓето го започнале загадувањето, луѓето можат да го сопрат!“

Во превод:

Индустријата не е виновна, потрошувачот е проблемот!

Want to cut down on plastic waste? Here's what the experts recommend | CBC  Life

Рециклирањето пластика во реалноста не функционира. Зошто?

Одговорот е едноставен – нема економска логика! Рециклирањето е прескапо, бара многу енергија за малку добивка. Еднаш рециклираната пластика не може никогаш да биде чиста како оригиналната (virgin) пластика. Освен тоа, има премногу видови пластика кои е тешко да се одделат еден од друг. Многу е полесно, енергетски поблагодарно, поефтино и побрзо да се произведе нова пластика. Во реалноста тоа и се случува.

Всушност се рециклира помалку од 10% од пластиката!

Рециклирањето пластика е само ПР трик на компаниите за да се создаде илузија дека потрошувачот е извор на проблемот, но и тој кој може да го реши, со цел да се отргне одговорноста од компаниите.

Да потсетиме – ова е мислење на авторот, арно.мк се оградува од него, а вие (читателите) истражете и заклучете сами.

Од друга страна, хартијата, стаклото и лименките може да се рециклираат доста успешно.

Хартијата може да се рециклира многу лесно, всушност можете и сами дома да направите хартија од весници, партали, туткало и вода. Нема да може да ја пикнете во печатар и да печатите на неа, но супер е за уметнички проекти и љубители на текстурирана уметничка хартија.

Лименките можат да се рециклираат бесконечно пати. Алуминиумот, како и железото не се лесни за рециклирање, но новите материјали се скапи – за разлика од пластиката. Истото важи и за квалитетот на добиениот рециклиран производ.

Стаклото е малку потешко, различна боја значи различен состав, теглите не може да се рециклираат, како и одредени видови стакло.

Проблемот е тоа што пластиката е најупотребуван материјал во секојдневниот живот на обичниот потрошувач, а воедно е и најпроблематична за рециклирање.

Reduce Your Use of Plastic and Save Money | JAWS

Зголемувањето на цената на нафтата – „добра“ вест за рециклирањето!?

Со зголемувањето на цените на нафтата, производителите можеби и ќе се запрашаат два пати дали треба да прават нови и нови шишиња, или да го искористат бесплатниот ресурс на веќе готови шишиња. Сепак, проблемот на добивањето висококвалитетна рециклирана пластика останува.

Постои едно решение – помалку пластика!

Кога бевме деца Кока Колата се продаваше во стаклени шишиња кои се реупотребуваа. Треба да се врати тој систем на производство – ако воопшто треба да се пие тој зашеќерен газиран и штетен пијалак!

Но, колку е реално тоа кога денес се вложени милијарди долари во фабрики кои го пакуваат тоа црно злато во пластични шишиња. Дали рециклирањето е нужно зло или само нужно перење на валканата совест?

Но, што всушност се случува со пластиката која се селектира?

Една од вистините е дека тони пластика од богатите земји завршуваат во сиромашните земји ширум светот. Тоа веќе не е тајна и дури и западните медиуми го признаваат.

Од друга страна, голем дел од нештата кои се праќаат на рециклирање се толку тешки за сепарација што од фабриките за сортирање директно се праќаат за горење, т.е. се користат како извор на енергија во фабриките за производство на железо или цемент.

Тоа значи дека постои можност она што сте го селектирале да заврши во Цементара и да го дишете.

На здравје!


Овој текст е мислење на авторот и засновано е на неговото лично искуство – читајте на сопствена одговорност!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *