Канта.мк отиде во канта!?

Канта.мк некогаш беше најавуван како одговор на прашањето:

Како да им обезбедиме на граѓаните начин на кој може да придонесат кон подигнување на степенот на чистота во град Скопје?“

Денес сајтот не работи, апликацијата не постои, што стана со проектот? На сајтот на Скопјелаб, пишува „Апликацијата е развиена од страна на СмартАп – Лабораторија за социјални иновации Скопје, организацијата која го координира СкопјеЛаб – Центарот за иновации на СкопјеЛаб. Финансирана е од страна на ЦРПМ – Центар за истражување и креирање политики.“

Се обративме до ЦПРМ кои ни посочија одговорите да ги бараме во СмарАп. Тоа не ни се допадна, бидејќи тие како финансиери би требало да се грижат каде и зошто одат нивните средства, но продолживме понатаму.

Од СмартАп беа љубезни да ни одговорат дека решението кое го нуди апликацијата не е задоволително, што била причината за нејзиното гасење.

Апликацијата овозможува преку мобилен и според тип на отпад да се пријави депонија. Доколку повеќе од 5 лица пријават отпад на одредена локација, истата автоматски се појавува на мапата. Понатаму, ни објаснија дека апликацијата овозможува само еднонасочна комуникација, односно граѓаните да пријавуваат отпад, но не и институциите да одговорат дали отпаднот е исчистен со цел да се поништи на мапата. Од тие причини апликацијата и сајтот не работат.

Додека чекаме некоја друга апликација да се потсетиме на една самостојна иницијатива од индивидуи ентузијасти. Тимурленк Чековиќ, админ на групата Не фрлај, не загадувај уште во 2017 година изработи мапа
со локации на депониите во Скопје, преземени од истата група, каде што биле споделени со фотографија од самите членови. Оваа мапа е направена бесплатно, без денар поддршка и се уште работи.

Мапата изгледа „шарена“, а всушност голем дел од депониите се се уште непријавени.

Состојбата не е многу подобра ни во помалите места низ Македонија. Секое село и гратче има своја депонија на околните ридови. Честопати се случува жителите да немаат избор, т.е. едноставно никој не доаѓа да им го собере ѓубрето!

Сцени во околината на с. Долно Дивјаци, Крушевско (2019)

За подобро решение потребен е ефикасен систем на лоцирање и известување на надлежните кој ќе биде достапен до сите.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *