20 бесплатни научно-популарни подкасти и канали од кои можете да научите сè!

Целиот свет е училница!

Живееме во едно време во кое можеме да слушаме/гледаме долги разговори „еден-на-еден“ со генијалци и најголеми експерти во полето во кои што работат и да имаме чувство дека речиси ги познаваме, да ги слушнеме нивните мислења за светот и други нешта надвор од нивната експертиза. Замислете во минатото кој сакал да можел да го слушне и гледа Сократ, Да Винчи, Декарт, Њутн!… и да добие поблизок увид во тоа како работи нивниот ум, тоа би било непроценливо богатство!

Сè што ни треба денес е знаење на англискиот јазик, компјутер/мобилен и пристап до интернет. Навистина сме благословени и греота тоа да не се искористи. Еве еден наш избор од подкасти и емисии кој дава увид во темите кои ги начнавме:

1. StarTalk

Науката се среќава со поп културата на StarTalk! Астрофизичарот и директорот на планетариумот Хајден, Нил де Грас Тајсон, неговите гости, познати личности и научници разговараат за астрономијата, физиката и за животот во универзумот. Продолжете да гледате нагоре!

2. Lex Fridman

Истражувач на вештачка интелигенција кој работи на автономни возила, интеракција човек-робот и машинско учење на МИТ (Massachusetts Institute of Technology). Гости на неговиот подкаст биле Elon MuskJack DorseyRichard DawkinsLeonard SusskindNoam ChomskyEric WeinsteinRoger PenroseStephen WolframSean CarrollBjarne StroustrupDonald Knuth и други, а наскоро ќе гостува и Mark Zuckerberg.

3. Science Time

Канал посветен на луѓето кои се заинтересирани за најновите достигнувања во науката и технологијата. Видеата допираат речиси секој аспект од областа на науката. Без разлика дали станува збор за истражување на вселената, технолошки напредок во AI или вештачка интелигенција, VR или виртуелна реалност, AR или зголемена реалност, проширена реалност – XR, биологија, употреба на CRISPR, филозофски идеи…

4. PowerfulJRE

The Joe Rogan Experience. Подкастот е опишан како дел од интелектуалната темна мрежа (dark web) и има разновидна идеолошка мешавина на политички гости, научници, актери, комичари… Од големата листа на гости помеѓу најинтересните се Elon Musk, Graham Hancock, Mike Tyson, Alex Jones, Sam Harris, Jordan Peterson, Edward Snowden, Neil deGrasse Tyson, Brian Cox, Roger Penrose, Anthony Bourdain, Kevin Smith…

5. Jordan B Peterson

Џордан Петерсон е канадски професор по психологија, клинички психолог, YouTube личност, најпродаван автор и водител на образовниот подкаст „Подкастот на Џордан Б. Петерсон“. Овој канал содржи видеа од неговите часови, неговите подкасти, интервјуа, турнеи со книги и предавања. Неверојатно популарната серија предавања „Личноста и нејзините трансформации“, „Мапи на значење: Архитектурата на верувањето“, како и неговите предавања „Психолошкото значење на библиските приказни“ можете да ги гледате бесплатно.

6. WTF with Marc Maron Podcast

Марк Марон разговара со комичари, актери, режисери, писатели, автори, музичари и луѓе од сите сфери на животот во својот дом. Истражувачкиот, сеопфатен стил на интервју на Марк им овозможува на гостите да се изразат на начини на кои слушателите никогаш порано не ги слушнале.

7. Big Think

Big Think е водечки извор на образовни содржини водени од експерти, многу активен канал – со илјадници видеа и експерти. Лекции од најголемите мислители и истражувачи на денешнината! Целта е да се истражат големите идеи и основните вештини кои го дефинираат знаењето во 21-от век. Чести соработници се Мичио Каку и Нил ДеГрас Тајсон.

8. Veritasium

Елемент на вистината – видеа за наука, образование и други интересни нешта.

9. Kurzgesagt – In a Nutshell

Видеа кои ги објаснуваат работите со оптимистички нихилизам. Мал, но одличен тим кој сака науката да изгледа убаво. Затоа што е убава!

10. Fermilab

Фермилаб е најголемата лабораторија за физика на честички во САД. Основана како Национална акцелераторска лабораторија во 1967 година, таа беше преименувана по физичарот Енрико Ферми во 1974 година. Од своето основање, Фермилаб е светски лидер во физиката на честичките, со откритија вклучувајќи го долниот кварк, горниот кварк и тау неутриното, три од основните честички кои го сочинуваат нашиот универзум.

11. IFLScience Official

Канал создаден со едноставна причина – да ја направи науката возбудлива и достапна, со истакнување на смешната страна на науката. Видеа за неверојатниот свет на науката на забавен и достапен начин.

12. TEDx Talks

TEDx е меѓународна заедница која организира настани во стилот на TED насекаде – славејќи ги идеите на локално ниво и издигнувајќи ги на глобална сцена. TEDx настаните се произведуваат независно од конференциите на TED, секој настан дозволува на говорниците да се искажат самостојно, но врз основа на форматот и правилата на TED.

13. NASA 

Мисијата на НАСА е да биде пионер во истражувањето на вселената, научните откритија и аеронаутичкото истражување. НАСА бара одговори на основните прашања за нашето место во универзумот, ја истражува вселената и ја открива Земјата.

14. Radiolab

Radiolab е еден од најомилените подкасти и јавни радио програми во светот. Шоуто е познато по своето длабоко истражувачко новинарство и иновативниот дизајн на звук. Radiolab започна како истражување на науката, филозофијата и етиката користејќи иновативна композиција и дизајн на звук. Денес, Radiolab се прошири и еволуираше за да стане платформа за долгогодишно новинарство и раскажување приказни.

15. WIRED

WIRED е местото каде што иднината се реализира!

16. Stuff to Blow Your Mind – HowStuffWorks

Придружете им се на Роберт и Џо додека ги пресметуваат границите на научното разбирање, ја откриваат човечката состојба и гледаат длабоко во иднината.

17. Science vs Cinema

Создадено од астрофизичарот Енди Хауел и режисерот Џејмс Дарлинг, ја прегледува научната точност на новите и класичните филмови. За љубители на науката и филмовите – не пропуштајте!

18. Adam Savage’s Tested

Платформа за содржини и играчница за љубопитни умови. Предводен од Адам Севиџ (Myth Busters), тимот го истражува пресекот на науката, популарната култура и технологијата, покажувајќи како сите ние сме креатори. Адам, исто така, ги носи гледачите зад сцената на филмовите, ТВ-емисиите, театарот и музеите, ставајќи ги занаетчиите и уметниците во центарот на вниманието, бидејќи тие ја прават магијата во која сите уживаме.

19. The Infinite Monkey Cage Podcast

Брајан Кокс и Робин Инс зборуваат за најголемите предизвици со кои се соочува човештвото во моментот, и дали науката нуди решение за некои од овие големи проблеми, од климатските промени до подемот на вештачката интелигенција.

20. Sciencish

Истражување на концептите во науката и инженерството на пристапен начин. Од роботи до ракети…


И тоа само на YouTube, а можете и да се зачлените бесплатно на Spotify каде што има безброј добри подкасти на различни теми.

2 thoughts on “20 бесплатни научно-популарни подкасти и канали од кои можете да научите сè!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.