Боба Фет, добра научна-фантастика за Балканците и достоен наследник на Ѕвездени војни

Откако Дизни ги откупи правата на Лукасфилм, т.е. филмовите од Лукасовиот универзум, особено сагата на Ѕвездените војни и Индијана Џонс претрпеа значајни измени.

Последните серии како Мандалориан и Книгата на Боба Фет (The Book of Boba Fett), го воведоа жанрот вселенски вестерн во сагата на Ѕвездени патеки и тоа функционира сосема добро. Првата сезона на Мандалориан, заедно со Боба Фет се одличен пример на тоа дека и Дизни корпорацијата, покрај сите критики може да направи нешто добро.

Вселенскиот вестерн не е нов жанр, па дури и креаторот на Ѕвездени патеки го опишал неговото дело така, а како најпознат пример е серијата Фајерфлај.

На нашата публика, следејќи ја наративата на нашиот претходен текст, многу повеќе одговараат „спиноф“ сериите за прав, беззаконие и локални шерифи, отколку оригиналните приказни за галактички империи и џедаи. И навистина, Мандалориан и Боба Фет се полни со несовршени ликови кои се обидуваат да го најдат своето место во едно несовршено место, полно со предизвици и „живи“ луѓе (или вонземјани) од „крв и месо“ (или плазма и андроидски делови).

Боба Фет е соочен со многу предизвици кога станува „локален шериф“ на територијата со која некогаш владеел вонземскиот мрсулолик црв-силеџија Џаба Хат. Го следиме неговиот пат до таа позиција и како се спријателува со Песочните луѓе кои живеат во песочните пустелии на планетата Татуин.

Овие племиња се претставени како ксенофобични варвари во оригиналните Ѕвездени патеки, но во новата серија Боба Фет се гледа нивната друга страна, како жртви кои се нашле на патот на трговците со скапоцениот зачин. Прикажани се нивните обичаи, мистицизмот и нивната отвореност да прифатат други храбри индивидуи преку свечен чин на духовен пат во кој кандидатот е воден од гуштер кој му влегува низ носот, што неодоливо потсеќа на „ДМТ трип“ или „патот на жабата“, а што е тоа, дозволете да ви објасни Мајк Тајсон:

За крај, гледајте го Боба Фет, интересно кинематографско искуство е, независно од лошите корпорации кои тргуваат со Мики Маус, пардон зачини…

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *