Крали Марко – eпизода од историјата на Македонија

Во историските записи за територијата на Македонија во XIV-от век постојат многу контрадикторни податоци. Доволно е да направите површно истражување на интернет, да ги споредите сајтовите со учебниците и ќе наидете на многу недоследности. Едните велат едно, другите друго…. Впрочем, така е и со целото наше минато, раскинати помеѓу страниците на историјата која ја пишуваат победниците.

Кои сме ние во историската приказна се уште не се знае, но се надеваме на подобро! Она што ние на Арно.мк со сигурност го знаеме е дека сите заедно треба да работиме на градење поквалитетна, поинтересна, покреативна, позабавна сегашност, за подобра иднина. Тоа го правиме со нашите текстови, изданија, проекти и други активности.

Плакатот подолу е обид за една систематизација на тематиката Македонија во XIV-от век и е изработен од средношколката Нина Прља, во обид да се разбере подобро тематиката која ја изучува по предметот историја, а можете да го преземете во висока резолуција тука.

Забелешка: Традиционално Крали Марко се смета за еден од првите супер-херои на нашиот народ со боздоган (како чеканот на Тор) и наместо наметка (како Супермен) – фес, а во плакатот на Нина е претставен со круна, како вистински крал!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.