Во Македонија нема никаква економска корист од инсталирање фотонапонски панели

Во земјава моментално имаме енергетска криза, но не се прави ништо за да се мотивират домаќинствата да инсталираат фотонапонски сончеви панели.

Ако нема кој да ти ја купи произведената струја нема економска логика да инсталираш сончеви панели.

Фотонапонските панели секоја година се поевтини и поефикасни, но во Македонија речиси не постојат домаќинства кои ги имаат инсталирано.

Главните проблеми се:

Во „нормалните“ земји произведената енергија се откупува по гарантирана цена или се добиваaт кредити кои подоцна се одбиваат од главната сметка за струја.

Во случајот на Македонија голем процент од енергијата која би ја произведувало едно домаќинство не може да се искористи!

Се разбира тоа зависи од потрошувачката, бројот на панелите, напонот и други фактори, но општата проценка е таа.

Што треба да се направи?

Потребно е итно да се направи е гарантиран откуп на произведената струја од домаќинствата! Цената на откупoт на струјата мора да биде повисока од нормалната цена на струјата за да се мотивираaт граѓаните да инсталираат фотонапонски панели.

Исто така потребно е да се зголеми лимитот од 4 kW на 20 kW или 30 kW системи.

Веќе постојат субвенции за поставување на соларни панели, но од искуството на граѓаните бирократската процедура за добивање на субвенции е комлицирана.

Да заклучиме потребно е:

  • да се овозможи откуп на струјата од граѓаните
  • цената на откупот да биде повисока
  • да се зголеми лимитот на моќност
  • да се обезбедат полесни процедури за субвенции
  • да се овозможат кредити кои ќе се плаќаат со откупот на струјата од граѓаните

Ако се решат овие проблеми ќе бидеме на чекор поблиску до подобрување на економијата на граѓаните и на државата, ќе се намали загадувањето од согорување на фосилни горива и ќе биде подобро за сите!

One thought on “Во Македонија нема никаква економска корист од инсталирање фотонапонски панели

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *