Искушенијата на (комбинираната) онлајн настава

Влегуваме во третата недела од почетокот на учебната година и онлајн наставата се уште не се одвива или каде што се држи е половична. Се разбира постојат исклучоци, но според информациите кои ги добивме од групата Наставници за онлајн настава тие се ретки.

Минатата година na arno.mk пишувавме за проблемите на комбинираната настава, колку ќе биде тешко остварлива и сето тоа се гледа на терен. Но, бидејќи нема подобар избор за учениците кои се во ризична група ќе мораме да се прилагодиме.


Потребна е соработка со МОН, училиштата, директорите, наставниците, учениците и родителите. Ланецот е слаб колку што е слаба секоја карика од него. Ако се молчи за проблемот, само ќе се игнорира.

Од училиштата уверуваат дека проблемот ќе се среди (кога-тогаш!), но кај родителите постои страв дека се губи драгоцено време и дека децата кои учат онлајн нема да можат да го надокнадат пропуштеното време.

Главните прашања/дилеми кои произлегуваат од (комбинираната) онлајн наставата се:

  • Како може да се подобри?
  • Зошто (сите) наставници не се приклучуваат?
  • Зошто календарите и 10 дена од новата училишна година се (полу)празни?
  • Како да се држи поквалитетна настава која ќе им го даде потребното знаење на двете групи ученици?
  • Учениците кои учат онлајн се малку, но мора да се третираат подеднакво!
  • Наставниците треба да внимаваат да бидат разбирливи и достапни и за децата кои се онлајн за и тие да добијат квалитетна настава.
  • итн…

Јасно е дека сето ова ќе биде предизвик за наставниците, но ако им се даде шанса на учениците тие ќе го почитуваат тоа и ќе возвратат со знаење. Во спротивно, сите губиме!

Да не заборавиме дека онлајн наставата може да биде предност, наместо на неа да се гледа како на недостаток.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.