Кои се границите на човештвото?

Човекот е истражувач, од првите луѓе кои ја напуштиле Африка во потрага по нови територии до Магелан, Коломбо и вселенските истражувања, се чини дека на нашата желба за проширување на видиците и нема крај.

Explore Extend | Extend Your Career

Со развојот на технологијата овие граници се поместуваат и како што човекот навлегува се повеќе во вселената се поставува прашањето до каде можеме (теоретски) да стигнеме?

Да се разбереме – вселената не е само огромна, таа е незамисливо голема и според денешните пресметки содржи околу 2 билиони галаксии. Но, тоа е само дел од вселената. Зошто?

Пред 13.7 милијарди години се случила Големата експлозија, се создало сè што постои во вселената и од тогаш вселената се шири со сè поголема брзина. Вселената денес има дијаметар од 93 милијарди светлосни години. Но, поради брзините на движење кои се поголеми од брзината на светлината целата вселена има барем 250 пати поголем дијаметар (некои пресметки одат и до неверојатни бројки како 10^23 пати поголем радиус!) и 15 милиони пати поголем волумен.

Ако сте заинтересирани како се доаѓа до таа пресметка, погледнете го линков и подгответе се за главоболка!

Графички приказ на видливата, во однос на целата вселена.

Токму заради тоа што таа се движи со брзини поголеми од брзината на светлината, тој дел од вселената никогаш нема да можеме да го видиме, ниту да го „стигнеме“, дури и да се движиме со брзина на светлината.

Но, сепак остануваат 2 билиони галаксии од видливата вселена, што е повеќе од доволно за идните генерации истражувачи. Се разбира тука зборуваме за технологии кои не постојат, за далечна иднина во која нашата цивилизација од Тип 1 според скалата на Кардашев (за ова веќе зборувавме) ќе премине на Тип 2 итн.

Сепак, колку што повеќе време поминува, се повеќе галаксии преминуваат преку границата на видливото (хоризонт на вселената кој наликува на хоризонтот на црните дупки, граница преку која светлината не може да помине). Всушност, секоја секунда од нашите животи 60.000 ѕвезди поминуваат преку границата на видливото. Затоа – да побрзаме!

Дознајте повеќе:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *