Што ако Земјата излезе од Сончевиот систем?

Научниците одамна знаат за постоењето на планети „одметници“ (rogue planets) и всушност се проценува дека нивниот број е многу поголем отколку тој на планети врзани во стабилна орбита на ѕвезди. Но, како настануваат овие планети?

Free photo Marbles Small Play Kick Earth Giant World God - Max Pixel

Една од причините е ако во близина на еден соларен систем помине ѕвезда и со нејзината гравитација ја поремети стабилната орбита на објектите од тој соларен систем. Вакво нешто всушност се има случено не толку одамна во нашиот Сончев систем.

Пред 70.000 години Шолцовата ѕвезда (всушност бинарен систем од црвено и кафено џуџе) поминала на 0.8 светлосни години од нашето Сонце (за споредба најблиската ѕвезда Проксима Кентаури е оддалечена 4.2 светлосни години од нас). Таа предизвикала пореметување во Ортовиот облак (каде што се сместени кометите) и тоа потенцијално може да предизвика катаклизмични случувања во внатрешниот сончев систем – но само 2 милиони години по настанот.

Но, што би се случило ваква ѕвезда да се упати кон нас? Дури и да не удри во нас, таа со нејзината гравитација би ја исфрлила земјата од нејзината орбита во празнината на вселената. Температурите брзо би почнале да паѓаат и животот на Земјата, без извор на светлина и топлина, наскоро би исчезнал.

Сепак, за луѓето има надеж, зашто ваков настан би можел да се предвиди многу порано и луѓето да се подготват за живот во специјални објекти кои би користеле геотермална енергија од нашата матична планета. Така, хипотетички, би можеле да опстанеме уште 100.000 години, додека не ја исцрпиме енергијата од јадрото.

Погледнете повеќе на оваа тема во видеово:

One thought on “Што ако Земјата излезе од Сончевиот систем?

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *