Како изгледал Александар Македонски?

Александар Македонски во литературата е опишан со „виткана, темно руса коса, истакнато чело, кратка брада, црвеникава кожа, интензивен поглед и ниска, набиена и цврста фигура.“ На повеќе места се среќава описот дека “имал едно темно кафеаво и едно сино око“!

Се разбира, и покрај различните скулптури, мозаици и пари со неговиот лик, не можеме да знаеме со сигурност како изгледал. Во минатото се направени разни обиди со помош на технологијата (Фотошоп) да се „реконструира“ ликот на историските личности.

The Face of Alexander the Great (Photoshop Reconstruction)

Ние се послуживме со апликацијата Neural Love која користи алгоритми со помош на кои може да „реконструира“ и колоризира стари фотографии или филмови и да пополнува „празнини“, т.е. места каде нема доволно информации. Пробавме да го направиме истото со статуа на Александар Македонски, кој наеднаш доби модерен изглед, иако не бевме сигурни од кој пол…

Александар
Александар, втор обид за реконструкција од друга статуа. Овој пат со изглед на типичен сериски убиец од маалото…

Потоа се поигравме малку со неговиот учител, Аристотел, па зошто да сопреме тука и да не ја комплетираме славната тројка со Сократ и Платон! Ова се резултатите со кои овие антички филозофи добиваат по малку модерен изглед на „кафеански филозофи“, а Цезар, како вештачката интелигенција хумористично да се поигрува со нас, изгледа како Путин.

Аристотел
Платон
Сократ
Цезар

Шега на страна, се работи за интересна апликација која не само што „реставрира“, туку и додава една нова, креативна, димензија на историјата. Обидете се и сами на линков, или прочитајте повеќе за апликацијата на Wired и Gizmodo.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *