Секој со основно образование знае да пишува, но дали знае да пишува добро? Ова прашање може да се постави на секој професионалец и академски граѓанин, па дури и на самите писатели.
Всушност, овој текст се обраќа токму на нив и им нуди алатки за подобро совладување на нивниот занает или професија. Ова е листа на три книги кои би требало да ги прочита секој кој сака да пишува подобро.
Херој со илјада лица (The Hero with a Thousand Faces) од Џозеф Кембел (Joseph Campbell)

Дело на компаративната митологија во кое авторот дискутира за неговата теорија за митолошката структура на патувањето на архетипскиот херој кој се среќава во светските митови. Објавено во 1949 година, ова дело инспирирало многу писатели, сценаристи и познати светски креативци од разни области.
Патување на писателот: Митска структура за писателите (The Writer’s Journey: Mythic Structure for Writers) на Кристофер Воглер (Christopher Vogler)

Популарна книга за сценаристика се фокусира на теоријата дека повеќето приказни може да се сведат на низа наративни структури и архетипови на ликови, опишани преку митолошката алегорија. Објавена во 1992 година.
Кради како уметник (Steal Like an Artist) на Остин Клеон (Austin Kleon)

Бестселер на New York Times за начини за изнаоѓање креативни идеи во еден свет во кој не е лесно да се дојде до нешто невидено и оригинално. Објавена во 2021 година.