Каде исчезна најпопуларниот психолог на светот, Џордан Питерсон?

Џордан Питерсон до минатата година беше најпознатиот психолог на светот. Гостуваше на сите позначајни американски емисии и подкасти, држеше предавања, сите го сакаа, а понекои и го мразеа заради неговата неапологетична борба против политичката коректност… и потоа, наеднаш исчезна!

Се шпекулираше за неговите проблеми со депресијата поради болеста на жена му. Тој, како и сите комплексни луѓе, има експериментирано со различни видови исхрана (како јадењето само месо), егзотични, нетрадиционални и медицински помагала за да се избори со депресијата.

Сето ова е во спротивност со неговиот бестелер 12 Rules for Life: An Antidote to Chaos, но кој вели дека писателот мора да живее како неговите ликови!

Потоа следеше најтемниот период во неговиот живот кога почнал да се „лекува“ со големи дози на бензодиазепин. Ќе си речете, па што, половина Македонија е на дијазепами! Тоа не зборува лошо за Џордан Питерсон, туку за нас. Најпознатиот светски психолог станал вистински зависник од лекарствата, со симптоми на зависничка криза, и бил вовлечен во еден бунар без дно, додека излезот не побарал во Русија, виа Белград.

Џордан Питерсон е повторно дома, во Канада, и со нетрпение го очекуваме неговото повторно појавување на Joe Rogan Experience, или на некое јавно предавање за предизвиците на модерниот живот гледани од аспект на праисконски и архетипски човечки нагони.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *