„Отворете го пенџерчето… се задушивме!“ – зошто затворените простории се најлоши во време на пандемија?

Еден од нашите традиционални совети за заштита на здравјето е: „Затвори го прозорецот, ме уби промаја!“ Се разбира, нашите луѓе се плашат повеќе од мал провев на воздух отколку од застојаниот воздух.

Во услови на пандемија честопати сме приморани да го поминуваме времето во затворен простор и еве неколку факти зошто токму затворениот простор без провев е вашиот најголем непријател, а ако во него подолго време престојуваат повеќе луѓе (канцеларија, училница), тогаш може да ви биде „смртен непријател“:

1) Застоениот воздух во затворена просторија може да е (дури и 10 пати) полош за вашето здравје од загадениот надворешен воздух.

Но внимавајте, ако живеете во загаден град, внатрешниот непроветрен воздух ги задржува штетните честички многу подолго и ја прави нивната концентрација поголема. Освен тоа, сите средства за чистење кои ги користиме, чад од цигари ако сте пушач, освежувачи на воздух, електрични апарати, готвењето и слично, сето тоа ослободува супстанци кои се токсини во поголема концентрација.

Како да објасните на странца што е промаја? (фото) – Кумановски ...

2) Кога престојувате во затворен простор со други луѓе, шансата да се заразите е голема.

Според истражувањата, вирусите во комбинација со воздухот се однесуваат како аеросоли и можат да останат со часови во воздухот, ако не се проветри. Дури и болничките рециклатори на воздух имаат проблем да го прочистат воздухот со висока концентрација на вируси, а не па нашите обични прочистувачи. Клучно е внесување на нов воздух и разредување на концентрацијата на вирусите преку исфрлување на застоениот воздух, научно кажано – правење промаја!

3) Клима уредите го прават воздухот во затворен простор уште поштетен!

Секој вид на циркулиран воздух независно од тоа дали се работи за греење или за ладење, според научни истражувања овие уреди (популарно наречени клими) влијаат на ширењето на вирусите во затворен простор.

Заклучок: Ако се наоѓате во затворен простор со повеќе луѓе и некој викне „Еј луѓе, зоврев, дај затворете прозорецот и вклучете клима,“ имате две опции. Да му објасните научно зошто оваа одлука е лоша или да си ги спакувате работите и брзо – надвор!

2 thoughts on “„Отворете го пенџерчето… се задушивме!“ – зошто затворените простории се најлоши во време на пандемија?

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *