Елон Маск нема маска!.. или има?

Го следам Џо Роган со години. Тој архетипски „бронаучен“ тип кој практикува боречки вештини и палео-кето-нискојаглехидратна исхрана, стенд-ап комичар и самоизграден подкаст цар, имал навистина фасцинантни гости. Се разбира не секој се согласува со неговите ставови, но не може да порекне дека е влијателен.

Во кризните времиња на изолација, Џо продолжува да работи со старото темпо, слободни и нецензурирани разговори кои понекогаш траат и по четири часа, без претходно одредено сценарио и муабети кои може да немаат никаква врска со професијата на гостинот. Единствен нов предуслов е пред подкастот сите да се тестираат за Covid-19.

Илон Маск му доаѓа втор пат на гости на Џо и, како и првиот пат, муабетите се чудни, неприродни, со долги паузи за одговор од Илон, кој овој пат не павка трева, туку зборува накратко за тоа како се изговара името на син му (се чини дека ни самиот не знае!?) пред да премине на темата на вештачка интелигенција и вградување на чипови во човечкиот мозок за стимулација на мозокот преку неговиот Neuralink, што според него ќе се случи за една година. Неговите ставови, кои лично според авторот на текстов се неодговорни, како тоа дека Covid-19 е теорија на заговор и дека се откажува од материјалната сопственост само за да не му кажуваат дека „е милијардер кој има сѐ“, се само мал дел од разговорот со овој „како од стрип излезен“ лик.

Џо Роган и Илон Маск можеби изгледаат како двајца сосема различни карактери, но и двајцата се трудољубиви, искрени и се чини дека немаат маски. Погледнете и просудете сами:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *