Skynet vs. Каспаров

Кој се сеќава на мечот Каспаров против суперкомпјутерот Deep Blue на IBM? Резултатот беше: вештачка интелигенција 1 – човек 0

Тоа беше еден од првите мигови кога човештвото во глобални рамки ја разбра моќта на компјутерите и што значи вештачката интелигенција за иднината. Додека едни го славеа тоа – веројатно технофилите и идните визионери на берзата (која денес е контролирана во целост од машини, а предност имаат компаниите кои се наоѓаат на неколку метри поблиску до берзата од нивните конкуренти за да добијат наносекунда предност во пристапот кон информациите), другите – технофобите, стравуваа од остварувањето на сингуларитетот (не космолошкиот, туку технолошкиот) и идејата за Skynet!

Вторите шпекулираа дека Каспаров бил измамен, дека немал концентрација, дека бил потплатен за да изгуби во најголемиот трик за публицитет (publicity stunt) во историјата после слетувањето на Месечината (веќе насетивте теории на заговор!) или дека се работело за баг на компјутерот, но вистината е дека не изгуби само човекот, туку дека изгуби најголемиот шахист на сите времиња!

Каспаров самиот вели: „Тоа не беше прв меч кој го изгубив против машина – тоа беше првиот меч кој го изгубив воопшто!“

Но, потоа надополнува дека компјутерот победил не затоа што успеал да ја „реши“ играта (признавајќи дека шахот е само игра), и дека е невозможно шахот да се реши бидејќи има 10 на 46 комбинации (да, тоа е еден со 46 нули), туку дека човекот го научил компјутерот да прави помалку грешки. Тоа било сѐ што е потребно за да победи.

Видете повеќе во ова фасцинантно интервју со еден од најголемите умови на шахот и неговата визија за играта, светот и иднината.

One thought on “Skynet vs. Каспаров

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *